Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.10.2015

Благодарение на д-р Митрев и тимот од „Филип Втори“ јас го живеам мојот трет живот


Благодарение на д-р Митрев и тимот од „Филип Втори“ јас го живеам мојот трет живот

Јас сум м-р Александар Петровски, капетан, вработен во Министерството за одбрана како асистент на Воената академија и наскоро како млад докторант ќе го бранам својот докторат. И тоа ми се случува сега на почетокот на третиот живот. Првиот е дента кога се родив пред 34 години, вториот е 15 март во 2004 кога успеав да преживеам страотна сообраќајка и третиот ми започна на 3.10.2015 кога Академик д-р Жан Митрев со неговиот тим ја направија интервенцијата за спас на мојата аорта.

Вербата дека ќе преживеам и дека сум во сигурни раце не ме напушташе ни во дел од секундата. Во 2004 година имав тешка сообраќајна незгода на мисија во спасување на млад војник , завршив со политрауматски ефект и преживеан хеморагичен шок од многуте тешки повреди на телото. Самиот примарен процес на опоравување траеше околу 5 месеци, додека секундарниот период повеке од 15 месеци. Последиците од сообраќајката ги чувствував секојдневно до 2012 кога бев хоспитализиран за рутинска операција на камен во жолчката. На ренген снимката во 8-ми Септември лекарите забележаа нешто несекојдневно и направија компјутерска томографија. По што проблемот кој го открија со таа снимка беше примарен во однос на операцијата на жолчката. Ми предложија да дојдам на консултација кај д-р Жан Митрев бидејќи ми најдоа аневризма на аоратата на срцето на 1,5 см на местото каде се двојат аортата за рацете и главата во вид на задебелување на аортата пострауматско со должина од 7, 5 см . Кога дојдов тука врз основа на компјутерската томографија ме прими д-р Иван Милев кој заедно со Академик Митрев одлучија со терапија која ке го регулира крвниот притисок да ја следиме состојбта. Таа состојба ја следеа 3 години. Како поминуваше времето и најминималната активност која што ја имав ми стануваше ноќна мора. При секоја моја работа морав максимално да внимавам бидејќи имав темпирана бомба во организамот. На контролата во јуни 2015 година д-р Милев и д-р Митрев одлучија дека е подобро да се интервенира поради зголемувањето на дијаметарот на аневризмата која според димензиите веќе влегува во зоната на операбилна фаза.

Бидејки сум млад човек и моето секојдневие од мене бара голема енергија ми предложија да се интервенира со најновата метода ТЕVАR за да продолжам нормално со мојот живот. Интервенцијата беше договорена за брзо време , беше вклучен и д-р Звонко радиологот од „Филип Втори“ за кои можам да кажам врвни професионалци. Огромна благодарност до Фондот за пензиско и здраствено осигурување и до МО на АРМ и Воената академија кој помогнаа да се изврши овој оперативен зафат во „Филип Втори“.

Ако некој можеби денес започнува да го живее вториот живот ова за мене е почеток на третиот живот, го живеам благодарение на „Филип Втори“ и се разбира ги очекувам благодетите на животот кој го живеам со полни гради и без страв за моите секојдневни активности. Ви Благодарам од срце.