Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.01.2021

Брз антиген тест со резултат за 20 минути на Меѓународниот Аеродром- Скопје

Со цел да одговориме на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, Клиничката болница Жан Митрев во соработка со ТАВ Македонија, обезбеди можност да направите брзи антиген тестови непосредно пред вашето заминувањето.

Почнувајќи од денеска, 24 јануари, наше мобилно амбулантно возило за тестирање ќе биде поставено пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром – Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што ќе можете да го направите потребниот брз антиген тест и да го добиете резултатот во рок од 15 до 20 минути по земањето примерок.

Подвижното возило за тестирање на нашата Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина заедно со својот персонал, ќе биде присутно на аеродромот  Скопје денеска од 9 до 15 часот, следејќи го редовниот дневен распоред на летови: http://skp.airports.com.mk/en-EN/flights/departure-flights

Целта ни е да обезбедиме опција за сите оние кои заминуваат кон дестинациите во Германија. На овој начин тие ќе можат да направат брз антиген тест, уште пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, во случај да не го направиле тестот пред нивното пристигнување на аеродромот.

Нашето подвижното амбулантно возило за брзо антиген-тестирање, ќе биде присутно на скопскиот аеродром и во следните денови, следејќи ги времињата на летовите до дестинациите/земјите коишто ги воведоа новите ограничувања за патување.

За повеќе детали во врска со самиот тест, ве молиме контактирајте ја нашата лабораторијата на телефонскиот број +389 2 3091484 (од 8 до 19 часот од понеделник до петок; од 8 до 15 часот за време на викендите) како и преку другите контакти како нашата веб-страница: https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/
Да напоменеме дека за повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, потребно е да ја контактирајте Амбасадата на земјата на пристигнување.

Доколку одлучите да направите  брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, апелираме да пристигнете на аеродром навреме, најмалку 3 часа пред времето на полетување согласно најновите препораки за патување.

Од Меѓународниот Аеродром – Скопје вчера објавија дека од 24 јануари, Холандија бара негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за негативен PCR-тест кое е валидно од 29-ти декември 2020 година (следниот лет од скопскиот аеродром до Ајндховен е на 29 јануари);
Германија бара негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа и притоа ги прифаќа следните тестови: PCR, LAMP (loop-mediated isothermal amplification) и TMA (transcription-mediated amplification) и антиген одобрен од СЗО; Франција бара негативен PCR-тест не постар од 72 часа.