Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

06.11.2015

Честитки, за Филип Втори и ваквата акција


Честитки, за Филип Втори и ваквата акција

Воедно ,сакам да им порачам на граѓаните, да се пријаваат,за нивно добро.
Иако акцијата е бесплатна, прегледите се од страна на врвните стручњаци, лекари специјалисти и хумани, ќе добиете таков преглед и совет, каде никаде на друго место во Македонија, нема да го добиете.Ова го пишувам од лично искуство.Точно пред две години во Струмица бев, на таков бесплатен преглед кај д- р Енвер Идоски и не само што сум задоволна,туку и восхитена,од стручноста, пристапот , примена со насмевка од самиот доктор.Едноставно , немам зборови.Голема благодарност до д-р Енвер Идоски.Благодарение на “Филип Втори „ јас сега сум жива , а и насмевката и среќата на моите две малолетни деца се врати.Ако не беше Филип Втори , денес можеби јас немаше ова да го пишувам,а моите деца ке беа сираци.Цели пет години шетав по државна, интернисти, кардиолози, невролози, прво во Струмица, а потоа во Скопје и само ме клука со лекарства и ми кажуваа приказни , демек сум здрава, само си замислувам.Најлошото, беше што од ден на ден , здравјето ми се влошуваше, понекогаш ми беше толку лошо,што моите деца исплашено плачејќи ме прашуваа МАМО КЕ УМРЕШ ЛИ?На крај се решив и не слушав никој и летото отидов во „Филип Втори“.За само 4800 денари ,ми открија вродена срцева мана ,и со партиципација од само 6 000 денари,( зафатот го покрива фондот) ми го спасија животот.
Катерина Чонева