Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.02.2022

Дали знаете за симболиката на носење црвена облека и срцевите заболувања?

Трендот на одбележување специјален ден, недела, или месец за подигање на свеста за најразлични заболувања и нивна превенција, во континуитет се засилува. Речиси секоја недела или месец е посветен на различна благородна кауза.

Американците се особено активни на оваа тема. Така почнувајќи од 2002 година тие го креираа ,,Денот на црвената облека,,. Секој прв петок во февруари, со носењето црвена облека всушност се искажува поддршката за подигање на свеста за срцеви заболувања.

Одбележувањето на овој ден на ваков начин има за цел да ги предупреди особено жените за нивната здравствена закана број еден – срцевите заболувања.

Срцевите заболувања се болести кои го зафаќаат срцето, крвните садови или и двете. Причините за срцеви заболувања се различни, но атеросклерозата или високиот притисок (хипертензијата) се најчестите. Дополнително, со стареењето доаѓа до голем број физиолошки и морфолошки промени кои ја менуваат кардиоваскуларната функција и доведуваат до последователен зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, дури и кај здрави асимптоматски индивидуи.

Срцевите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Од 1970 година со денеска, стапките на смртност од кардиоваскуларни болести се намалени во земјите со високи приходи, но во исто време, се зголемија драстично во земјите со низок и среден приход. Иако срцевите заболувања обично ги погодуваат постарите возрасни лица, првите знаци на кардиоваскуларните болести започнуваат порано во животот. Затоа, постои зголемен акцент на спречување на атеросклероза преку модифицирање или менаџирање на факторите на ризик, како што се здравата исхрана, вежбањето и откажувањето од цигари.

Облечете црвено денеска и потрудете се да живеете и да се храните поздраво, заштитете го здравјето на вашето срце.