Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.01.2021

Детектиран првиот случај на пациент заразен со британски сој на коронавирусот


Во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при клиничка болница Жан Митрев денеска беше утврдено присуството на мутираниот така наречен британски сој на коронавирусот.
Станува збор за пациент од Скопје на возраст од 46 години. Согласно неговите кажувања не патувал никаде, а се тестирал поради појава на континуирани симптоми една недела претходно. Мутацијата е утврдена со помош на секвенционирање на РНК согласно препораките.

Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Жан Митрев клиниката пред две недели ја започна потрагата по “британскиот сој” VOC 202012/01 во Македонија.


Како дел од научно-истражувачката работа развивиен беше брз PCR протокол според којшто беа селектирани суспектни кандидати за VOC 202012/01 сојот во Македонија. По направената селекција, присуство или отсуство се потврдува преку нова генерација на секвенционирање во реално време.

Редовниот мониторинг на еволуцијата на вирусот во Македонија ќе има огромно значење во формирањето на стратегии за сузбивање на пандемијата, дијагностичките тестови, терапијата и вакцините против коронавирусот. Во наредниот период нашата лабораторија продолжува со оваа научно-истражувачка работа.

Во регионот, во Србија и во Словенија веќе има детектирани случаеви заразени со овој мутиран сој од вирусот. Во соседна Србија го донела 63 годишна жена од Нови Сад, која допатувала во Србија на 31 декември. Таа најверојатно се заразила во авионот, со кој летала од Лондон.

Во Словенија исто потврдениот случај на коронавирус од британскиот сој бил детектиран кај маж од Косово на привремен престој во Словенија, а кој допатувал од Белгија.