Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.11.2015

Дијагностика на абдоминална аневризма на аорта со компјутеризирана томографија

Дијагностика на абдоминална аневризма на аорта со компјутеризирана томографија

Абдоминална аневризма на аорта ( познато како тројно ААА) претставува фокална дилатација на абдоминалната аорта повеќе од 50% од нормалниот дијаметар на аортата и е најчеста форма на аневризми на аорта . 91-95% се лоцирани инфраренално , 66-70% се со екстензија на илијачните артерии.Најчесто оваа состојба е кај пациенти на возраст меѓу 65 -75 год, почесто мажи.Абдоминална аневризма на аорта може да бид асимптоматска и спорорастечка или при растот да даваат пулсирачко чувство во близина на папокот , длабока константна болка во стомак или долен дел од грбот .Голема компликација е руптура на аневризмата, состојба која е животно загрозувачка со морталитет 59-83% .Според симптомите на пациентот и резултатите од останатите анализи , кардиоваскуларен хирург носи одлука за оперативен третман.Дијагностиката започнува со ултразвук преглед како скрининг и при позитивен наод се препорачува МСКТ преглед.МСКТ е прецизна метода – златен стандард , која овозможува егзактен приказ на целата аорта со нејзините гранки и нејзината патологија, што е потребно за предоперативно планирање. Од особена помош е оваа метода со нејзината брзина при руптури на аневризмата на аортата.

Случај 1. 64 МСКТ преглед на аорта со наод за аневризма на абдоминална инфраранелна аорта (слика1, 2, 3) со пречник 90

Случај 2 64 МСКТ преглед на аорта со наод за руптурирана аневризма ( слика 1, 2, 3 ) на инфраренална аорта со пречник 90мм и интраабдоминална хеморагијаПрисутна аневризма и на лева заедничка илијачна артерија 30мм .