Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.07.2021

Доброто дигестивно здравје носи позитивни емоции

Препораки за добро дигестивно здравје

Во време на брз живот, преполн работен распоред и бројни обврски дома, луѓето се помалку имаат време да посветат внимание на одржување на добро дигестивно здравје. А реалноста е дека доброто варење на храната е многу важно како за целокупната здравствена состојба така и за емотивниот статус.

Имајќи предвид дека истото зависи од видот и начинот на внесување храна, варењето се дефинира како правилно разложување на храната и пијалоците во мали честички наречени хранливи материи кои телото ги апсорбира и потоа ги користи како енергија.

Храна богата со маснотии, пијалоците со многу шеќер, високото ниво на стрес, прекумерната тежина, синдромот на нервозно дебело црево, нетолеранција на лактоза и карцином на дебелото црево, се најчестите причинители кои го загрозуваат здравјето на дигестивниот систем.

Во послeдно време, една од главните непријатности со кои се соочуваат мажите и жените се дигестивни проблеми кои често се манифестираат со надуеност. Стресот, вознемиреноста и долгото седење, исто така, придонесуваат во голема мера за усложнување на овие проблеми.

Неколку препораки за одржување на дигестивниот систем во добра форма

Разновидна исхрана богата со:

  • Витамин А присутен во спанаќот или морковот
  • Витамин Д што ќе го најдете во јајцата и масната риба
  • Витамин Е во маслиново масло и ореви
  • Витамин Ц во портокали и јагоди
  • Витамини од групата на Б комплекс
  • Минерали како цинк и селен присутни во црвено месо, живина и јаткасти плодови.

Сите овие горенаведени хранливи состојки ќе го стимулираат и ќе го зајакнат вашиот имунитетот

Како да се однесувате правилно со вашиот дигестивен систем?

  • Јадете полека и правилно џвакајте
  • Вечерајте рано: најмалку два часа пред да одите во кревет
  • Јадете редовно и не пресконувајте ниту еден оброк
  • Избегнувајте прекумерно консумирање алкохол
  • Хидрирајте се: водата е неопходна за ефикасна работата на цревата и соодветно поминување на храната низ нив
  • Вежбајте: практикувањето на спортски активности го забрзува метаболизмот, со што се стимулира подобро варење на храната

Секако многу е важно да не заборавиме дека постои блиска врска помеѓу мозокот и цревата. 95% од серотонинот, еден од најважните хормони-невротрансмитери во телото, се наоѓа во цревата. Овој нервен трансмитер преку нервниот систем им овозможува на желудникот и цревата информации согласно кои тие ќе се прилагодат на она што го јадеме, но исто така е и алармен систем кој не предупредува кога нешто ќе тргне наопаку.

Со подобрување на здравјето на дигестивниот систем, ќе се увериме дека е полесно да се намали телесната тежина на здрав начин и да се добијат долгорочни резултати, без потреба да се подложувате на строги диети.

Затоа слободно можеме да заклучиме дека доброто дигестивно здравје се претвора во позитивни емоции неопходни за малку посреќен живот.