Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.08.2015

Епидурална анестезија

Епидурална анестезија

Епидурална анестезија или епидурална аналгезија претставува администрација на лекови(локални анестетици и/или аналгетици) во епидуралниот простор. Епидуралниот простор е просторот помеѓу обвивките на ‘рбетниот мозок и ‘рбетниот мозок. Техниката на изведување подразбира пронаоѓање на епидуралниот простор со специјална игла помеѓу пршлените и пласирање на епидурален катетер преку кој се врши администрација на лекови. Лековите (локални анестетици и/или аналгетици) вршат само губиток на сензацијата, односно губиток на осетот за болка, за разлика од спиналната анестезија каде што имаме губиток и на сензација и на моторика. За разлика од спиналната анестезија која што се изведува само во лумбалниот дел(долниот дел) од ‘рбетниот столб, епидуралната анестезија може да се постави во по цела должина на ‘рбетниот столб(во пределот на вратот, градниот кош, долниот дел).Епидуралната анестезија може да се користи:

• Само за аналгезија, обезболување, каде што не е потребен хируршки зафат(породување, третман на болка од различно потекло)

• Во комбинација со општа или спинална анестезија(менување на колк, колено, абдоминални аневризми, абдоминални операции). Овој тип на анестезија може да ја намали потребата на пациентот за аналгетици, а со самото тоа да доведе и до побрзо будење од анестезијата.

• Постоперативна аналгезија. Епидуралната анагезија постоперативно има неколку предности: ефективна аналгезија без употреба на опиоиди(дилни аналгетици), намалена зачестеност на постоперативни респираторни проблеми и инфекции, намалена зачестеност на постоперативен миокарден инфаркт(срцев удар), стрес одговорот на организмот од хируршкиот зафат е намален, мотилитетот(подвижноста) на цревата е подобрен заради симпатичката блокада на нервниот систем.

Но, и покрај сите предности на епидуралната анестезија/аналгезија може да биде и високо ризична кај одредени индивидуи и кога се изведува неправилно.

Др. Тања ГрамослиДр. Марко Ѓоргон