Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

18.11.2020

ЕВРОПСКИ ДЕН ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

18 Ноември се одбележува како европски ден на рационална употреба на антибиотици со цел е да се сврти внимание кон фактот дека сите ние мораме да се вклучиме во одговорно користење на овие лекови како би ја зачувале нивната делотворност и за следните генарции!

Во пошироки рамки седмицата од 14 до 20 ноември се одбележува како Светска недела за подигање на свесноста за рационална употреба на антибиотици и е насочена кон актуелизација и креирање свесност за проблемот со антибиотската резистенција, со посебен акцент на фактот дека не може да се очекува успех во контрола на резистенцијата доколку нема заеднички акции.

Во време на КОВИД-19 пандемија, нерационалната употреба на антибиотици значи нивна крајна злоупотреба за што последиците ќе бидат далекусежни. За жал периодот кој следува се предвидува да биде одбелажан како постантибиотска ера.

Што се антимикробни средства?

Антимикробни средства се медицински производи кои ги убиваат или го спречуваат растот на живите микроорганизми.

Што претставува антимикробната резистенција?

Тоа е отпорност на еден или неколку антимикробни средства применливи за терапија или профилакса. Станува збор за особина која може да се појави кај микроорганизмите.

За бактериите, антибиотската резистенција значи способност на бактеријата да се спротистави на дејството на антибиотикот:

  • Бактериите имаат резистентен/одбрамбен механизам кога специфични антибиотици ја изгубиле способноста да ги убијат или да го спречат нивниот раст
  • Некои бактерии се природно отпорни на некои антибиотици (интризинг резистенција)
  • Загрижувачки проблем е кога бактерии кои се природно осетливи на некој антибиотик ќе постанат резистентни како резултат на адаптација преку генетски промени
  • Гените за кодирање антибиотска резистенција многу лесно може да поминат од еден во друг вид бактерии преку предавање на генетски материјал
  • Во постојаната борба за “еколошки простор” се селектираат сите резистентни бактерии бидејќи антибиотикот ги убива осетливите соеви
  • Антибиотик резистентните бактерии преживуваат во присуство на антибиотици и продолжуваат со раст и размножување, предизвикувајќи влошување на состојбата, пролонгирање на болеста или смрт.
  • Инфекции со резистентни бактерии бараат третман со алтернативни и многу поскапи антибиотици кои често имаат и повеќе несакани ефекти.  Третманот на инфекции со резистентни бактерии бара интарвенска апликација на антибиотик во болнички услови наместо орални антибиотици во домашни услови.
  • Еднаш појавена резистентна бактерија може да се пренесе на друга личност, а употребата на антибиотици во општата популација и кај пациентите во болница дава силна подршка за нивно ширење.

Кои се последиците од резистенцијата?

Ќе влеземе во постантибиотска ера, што значи антибиотиците ќе ја изгубат делотворноста и инфекциите ќе бидат повторно причина за висока смртност.

Што може секој од нас да направи?

  • Да користиме антибиотик само по препорака на лекар
  • Секогаш да ја довршиме пропишаната доза, и тогаш кога ни е подобро
  • Никогаш да не користиме стари антибиотици
  • Никогаш да не разменуваме антибиотици со другите
  • Да спречиме инфекции со редовно миење раце,  редовна вакцинација и избегнување блиски контакти со болни

Антибиотиците се единствените лекови кои предизвикуваат не само индивидуална, туку и глобална штета!

ФАКТ 1. Антибиотската резистенција е сериозен општествен проблем со растечка тенденција за во Европа.

Појавата, ширењето и селектирањето на антибиотик-резистентните бактерии е закана за безбедноста на пациентите во болниците.

ФАКТ 2. Злоупотребата на антибиотици во болниците е  еден од факторите кои ја носат антибиотската резистенција

Голема е веројатноста дека пациент кој што е хоспитализиран ќе прима антибиотици и 50% од тие антибиотици се непотребно дадени. Злоупотребата на антибиотици во болниците е главен фактор – носител на развој на резистенцијата.

ФАКТ 3. Бенефит  од внимателна употреба на антибиотици

Внимателна употреба на антибиотици превенира  појава на антибиотик резистентни бактерии, како и намалувањето на употребата на антибиотици е пропорционално на намалена инциденца на инфекции со Clostridium difficile.

ФАКТ 4.  Добра стратегија доведува до разумна употреба на антибиотици:

Добра стратегија ќе допринесе за подобрување на праксата на препишување на антибиотици и намалување на антибиотска резистенција во болниците.