Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.10.2015

"Филип Втори" дел од Светскиот ден на срцето

“Филип Втори” дел од Светскиот ден на срцето

„Избори за здраво срце за секого, секаде“ е мотото со кое оваа година се одбележува Светскиот ден на срцето. Овој датум, 29 септември ја потсетува планетата Земја за грижата кон сопственото здравје, првенствено грижата за здравјето на срцето. Специјалната болница „Филип Втори“ како и секоја година и оваа даде свој придонес кон подигањето на свеста за здравиот живот преку едукативни разговори, пораки, совети на манифестацијата која во организација на НВО „ Здрава иднина“ вчера се случуваше во гратскиот парк во Скопје. Во Македонија годишно во просек 11.000 луѓе умираат како последица на болести на срцето и крвните садови. Превенцијата секогаш е најдобриот лек, но стресот како еден од водечките ризик-фактори е состојба која тешко може да се превенира. Според последните истражувања кои се направени во САД нивото на стресот кое порано било карактеристично за средновечен човек денеска го имаат средношколците. Нездравата храна, користење на цигари, физичка неактивност и генот и понатаму се водечки причини за болести на срцето. Мажите се „поранливи“ кога се во прашање срцевите болести. Долната граница од година во година се поместува, најмладиот пациент кој доживеал срцев удар во Македонија имал само 18 години.

29-ти септември е само датум на кој масовно се вијае со различни кампањи за вредноста на нашиот живот за чување на нашето срце. Секојдневната грижа за сопственото здравје, здравиот начин на живот се само мал дел од денот кој треба да си го посветиме на себе, Во спртивно ќе страда и нашето срце, но и сите оние кои се во нашето најблиско опкружување.

Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ веќе 15 години е првиот синоним за лекување на срце . Преку 18.000 кардиоваскуларни операции се показател за својата професионалност и одговорност во борба за човечкиот живот. Сретствата за операции на срцето и крвните садови кои ги прават нашите врвни кардио хирурзи се покриени од страна на ФЗОМ. Во нив спаѓаат :1. Операции на крвни садови на раце и нозе2. Предоперативна коронарографија3. Операции на срце4 Операции на крвни садови каротиди6. Интервенции на вродени срцеви маани7. Операции на срце кај деца

Со Вашите секојдневни постапки изборете се за здраво срце и поквалитетен живот.