Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.06.2016

“Филип Втори” – Специјализиран центар за женска реконструктивна пелвична хирургија

Голем број на луге мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава кај мал број на постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно повремено испуштање на урина , а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно презнење на цревата.

Голем број на жени не бараат медицинско решение за оваа нивна состојба поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Нашиот центар е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:

– Уринарна инконтиненција ( неволно испуштање на мокраќа)
– Фекална инконтиненција ( неволно испуштање на гасови /столица)
– Спуштање на гениталните органи
– Интерстицијален цистит
– Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Терапијата на горенаведените состојби може да е хируршка и не- хируршка. Ние , лекарите од „ Филип Втори“ имаме индивидуален пристап кон секој пациент и го спроведуваме третманот според најновите ставови во медицината, со најсовремена опрема и секако според потребите и желбите на секоја жена.

Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодвета високо специјализирана медицинска помош.

Препознајте ги своите симптоми

1 Дали се случува несакано да испуштите урина кога кашлате, кивате, трчате, се смеете, носите товар или при сексуален однос ?
2. Дали ви се јавува силна желба да мокрите, па да испуштие урина пред да стигнете до тоалетот, или мокрите секој час во текот на денот, па дури станувате и навечер да мокрите ?
3. Дали случајно (несакано )испуштате гасови или столица , барем еднаш во текот на неделата или имате силна желба за дефекација, па се случува да испуштите столица пред да стигнете во тоалет ?

4. Дали забележувате испакнување ( топче) кај вагината при бањање?

5. Дали мора да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате ?

7. Дали чувствувате притисок и тегнење кај вагината кој се намалува и се губи откако ќе легнете ?

Доколку одговорите со да на било кое од горенаведените прашања, закажете преглед со нашите специјалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.