Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.12.2013

Физикален третман после ортопедска операција во напредната возраст


Физикален третман после ортопедска операција во напредната возраст

Пациентка на 92 годишна возраст при пад во домот се здобила со скршеница на левиот колк (Fractura colli femoris lat.sin.) и е хоспитализирана во одделот за Ортопедија и Трауматолигија во нашата болница. Од анамнезата, пациентка е кардијално компензирана и никогаш претходно не била лекувана или оперирана.Од страна на ортопедските хирурзи кај пациентка е вградена ендопротеза на левиот колк (implatatio edoprotesis coxae sin subtotalis bipolaris sec.lima).

Првиот постоперативниот ден започната је физикална терапија со апарат за континуирани пасивни движења ( CPM), активни и активно-потпомогнати вежби за долните екстремитети, како и респираторна физикалчна терапија. Пациентка е вертикализирана и мобилизирана со помош на одалка вториот постоперативниот ден.

Пациентката е пуштена дома петтиот постоперативниот ден оспособена за самостојно одење со патерици.