Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

16.08.2023

Генитален пролапс и инконтиненција

Гениталниот пролапс или попознат како ,,спуштена матка,, и инконтиненцијата на урина се честа состојба кај жените. Над 47% од жените ќе бидат засегнати од овој проблем во текот на својот живот.

Пролапсот се случува како резултат на ослабувањето на ткивата и мускулите во карлицата при што матката се поместува односно се спушта од својата нормална положба.
Може да се случи пролапсот освен на гениталните органи да биде и на мочниот меур или каналите. Тогаш станува збор за уро-генитален пролапс при што е нарушена не само анатомска позиција, туку и самата функција на засегнатите органи.
Поедноставно кажано, нарушената анатомска позиција е всушност кила (хернија) на еден или повеќе делови од внатрешните генитални органи на жената и на самиот мочен меур и/или уретрата (изводниот мочен канал).

Додека пак, нарушената функција се манифестира со проблеми со мокрењето и може да варираат од зачестено мокрење со или без чувство на нагон за мокрење, преку стрес – инконтиненција (подмочување при напор, кашлање, кивање, смеење, сексуален однос итн.), нецелосно прзнење на мочниот меур, уроинфекции, нарушени или неможни сексуални односи.
Причините се многубројни, но пред се доминира возрастa, породувања (особено вагинални), обезноста, физичката работа, наследните фактори, слабоста на мускулнопотпорните структури итн.

Спуштањето на матката, ѕидовите на вагината или мочниот меур може да е некомплетно – при што жените вообичаено не се ни свесни дека постои, туку им се дијагностицира при гинеколошки преглед, или позначајно одн. комплетно кога самите пациентки чуствуваат, забележуваат натежнување особено кога се движат. Присутни се и болки, често и во лумбалниот дел на рбетот, потоа проблеми со празнење на мочниот меур и чувство дека е непотполно испразнет, како и болка односно печење при мокрење или неволно подмочување. Најчесто пролапсот е проследен/комбиниран со постоење и на стрес инконтиненција (истекување) на урината.

Можни решенија

Најважно е секоја жена да биде свесна дека постои ефикасно решение за овој проблем.
Станува збор за вагинални операции кои се минимално инвазивни, со кус престој во болница и брз опоравок што овозможува враќање на секојдневните активности без последици.

Во нашиот лекарски тим проф. д-р Васил Илиев е тој кој има долгогодишна пракса во имплементација на модерните реконструктивни интервенции за разни типови на пролапс на матката и/или вагината.

За да закажете термин јавете се на 02/3091-484