Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

29.11.2010

Група девојки лажно се претставуваат дека се вработени во болницата


ПЗУ Филип Втори ги предупредува граѓаните:Група девојки лажно се претставуваат дека се вработени во болницата

Скопје( 16.11.2010) – Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори ја информира јавноста дека четири девојки во скопскиот регион, злоупотребувајќи го името на Специјалната болница, на граѓаните им нудат ортопедски појаси, влошки, како и лекови. Граѓаните кои го пријавија случајот во болницата, објаснуваат дека истите девојки ветуваат преглед кај д-р Жан Митрев, и од граѓаните за овој „преглед“ наплаќаат четири илјади денари. Според информациите кои ги добиваме секојдневно од жителите на Скопје, последен пат четирите девојки се забележани во населбата Ченто. Ги известуваме граѓаните дека Специјалната Болница по хируршки болести Филип Втори се оградува од овие немили случки и ги известува граѓаните, не само од скопскиот, туку од сите региони во Македонија, дека закажување на преглед, дијагноза и начин на лекување, сево ова се врши само во просториите на Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори.За случајот е информирано Министерството за внатрешни работи, а Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори ќе ги преземе сите неопходни мерки да ги заштити граѓаните од злоупотреби направени од трети лица.