Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.12.2016

Група на ученици од Прилеп понесоа бројни впечатоци од посетата на болницата


     

„Годинешната посета во болницата “Филип Втори“ е поинаква и различна од претходните три посети со учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ од Прилеп“,  зборуваа професорките од медицинската струка. Добредојде на групата учениците од трета година и нивните професори им посака главната сестра Александра Темелковска, која ги запозна генерално со начинот на организацијата и функционирање на болницата. Заедно посетија низа одделенија,  им зборуваше за специфичностите и уникатноста за секој оддел, за амбулансткиот и дијангностичкиот центар, како и за апаратурата, а ја потенцираше и стручноста на докторите и медицинскиот персонал.  Таа споделуваше искуства со нив, а секако им даде и неколку препораки за во иднина.

 -Во нашата работа секогаш одиме по т.н. медицинска жица. Затоа, комуникација е најважната работа, мора да градите отворен однос со пациентите, им препорача сестра Александра.

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров во текот на неколкучасовната посета добија информација и за специфичните операции кои се прават овде, за илјадници пациенти од земјата и странство кои овде нашле спас за здравствениот проблем. Дознаа и за специфични случаи, се запознаа со новитетите во болница кои се однесуваат на генетската лабараторија, како и за други уникатни услуги и специфики на концептот на болницата. Ученциите беа воодушевени најнапред од грандиозноста на болницата, а секако и од љубезноста од персоналот, како и функционалната и организираноста на целокупнит систем во болницата. „Кога од влезната врата влеговме во болницата не воодушеви  големината и уникатноста  на објектот, атмосферата која потсетува на хотел, а не на болница.

-Еден ден би сакале и ние да работиме во ваква болница каква до сега не сме имале можност да видиме. Единствено, на телевизија“ воодушевено зборуваа учениците.  “Или нешто слично во Словенија“,  доплони една ученичка.

-Ви посакуваме уште многу успешни случаи, со право го носите епитетот на болница со највисок стандард, во тоа се уверивме  и овој пат“, завршија професорите.  

Ова е четврти пат да се организира и реализира посета на ученици од ова училиште во нашата болница, а како резултат на воспоставената соработка на д-р Жан Митрев и професорите од ова училиште.