Хемангиом - кога и зошто се појавува? - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.06.2021

Хемангиом – кога и зошто се појавува?

Хемангиомот е бениген (неканцероген) тумор кој се состои од наталожени, групирани крвни садови. Тој може да се појави кај бебињата уште при самото раѓање и да исчезне до 10-та година од животот. Но, се појавува и кај возрасни и тоа на површината на кожата, под неа или во мускулите, коските или органите. Варира по големина, форма и боја. Ретко прераснува во тумор.
Доколку хемангиомот се појавил во внатрешните органи како: црниот дроб, бубрезите, белите дробови, дебелото црево и мозокот, се манифестира со: гадење, повраќање, губење на апетит, чуство на надуеност на стомакот.

Дијагностицирањето на внатрешен хемангиом се прави преку испитување со:
• Ултразвук
• Магнетна резонанца
• Копјутерска томографија.

Хемангиом кај бебиња и деца

Кај бебињата тој најчесто се појавува на кожата и многу лесно се дијагностицира. Тој е силно црвен белег (грутка) во форма на гумена испакнатина и е составен од повеќе слоеви наталожени крвни садови во кожата.

Може да биде лоциран на било кој дел од телото, но најчесто се појавува на лицето, скалпот, градите или грбот. Најчесто кај бебињата при инфантилен хемангиом не е неопходен третман бидејќи самиот исчезнува со текот на времето. До 10 годишна возраст трагите од хемангиомот стануваат невидливи односно грутката комплетно се повлекува.

Изглед и причини за појава

Хемангиомот може да биде присутен при раѓање, но се појавува најчесто во текот на првите неколку месеци од животот. Започнува како рамна, црвена трага на кое било место на телото, најчесто на лицето, скалпот, градите или грбот. Обично детето има само една ознака. Некои деца може да имаат повеќе од една, особено ако станува збор за близнаци, тројка или повеќе деца.

Во текот на првата година од животот на вашето дете, црвената трага брзо добива сунѓерест, гумен изглед, кој е видлив на површината на кожата. Потоа, хемангиомот влегува во фаза на мирување и на крајот почнува полека да исчезнува.
Многу хемангиоми исчезнуваат пред возраст од 5 години. Останатите исчезнуваат до 10 годиншна возраст. По изчезнувањето на хемангиомот, кожата може да биде малку бледа или подигната.

Причини

Хемангиомот е составен од дополнителни крвни садови кои се собираат заедно и формираат густа маса. Експертите сеуште не се сигурни зошто крвните садови се групираат на едно место.

Фактори на ризик

Хемангиомите се јавуваат најчесто кај предвремено родени, бели женски бебиња.

Кои се можните компликации?

Понекогаш хемангиомот може да се отвори и да формира рана. Ова може да предизвика болка, крварење, лузни или инфекција. Во зависност од тоа каде е хемангиомот, тоа може да влијае на видот, дишењето, слухот или други здравствени проблеми на вашето дете, понекогаш може да биде и опасно по животот, иако тоа е поретко.

Третман на хемангиом

Еден, мал хемангиом обично не бара третман. Најчесто исчезнува сам после одреден период. Сепак, некои случаи може да бараат третман, како што се хемангиоми на кожата кои развиваат улцерации или рани или се наоѓаат во специфични области на лицето, како што е усната.

Опциите за третман вклучуваат:

Локални бета-блокатори, како што е гел тимолол – овие бета-блокатори можат да се користат за мали, површни хемангиоми. Тие исто така може да имаат улога во лекување на помали улцерирани хемангиоми. Овој лек генерално се смета за безбеден кога се користи правилно под грижа на доктор.
Лекови со кортикостероиди – може да се инјектираат во хемангиом за да се намали неговиот раст и да се запре воспалението.

Системски стероиди, како што се преднизон и преднизолон, кои многу ретко се користат но и тоа само во случај кога не можат да се применат вообичаените други лекови како што се бета-блокатори.
Ласерски третман – може да се користи за отстранување на хемангиомите на горните слоеви на кожата. Во некои случаи, хирург може да користи ласерски третман за да го намали црвенилото и да го подобри изгледот.
Медицински гел – наречен бекаплермин (Регранекс) кој е скап и се користел во некои студии за третман на хронично улцерирани хемангиоми. Овој лек носи ризик од развој на рак кај луѓе кои го користат континуирано. Разговарајте со вашиот доктор за ризиците.
Операција – доколку хемангионот е мал за да може да се оѕтрстрани оперативно и ова е поција које е на располагање.
Внатрешните хемангиоми во телото можат да бараат третман доколку растат премногу или предизвикуваат болка.

Опциите за третман на овие хемангиоми вклучуваат:
• Хируршко отстранување на хемангиом
• Хируршко отстранување на оштетениот орган или оштетената област

Кога треба да побарате лекарска помош?

Побарајте лекарска помош доколку хемангиомот крвари, формира рана или се инфицира, доколку состојбата влијае на видот, дишењето, слухот или појавува други проблеми врз здравјето на вашето дете.