Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.04.2012

Хируршки третман на акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A.

Хируршки третман на акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A.

В.М – Пациентка на 67-годишна возраст, примена како итен случај во ургентен центар на „Филип Втори“, во тешка општа состојба, неконтактибилна,со низок притисок, едвај опиплив пулс на големите крвни садови на вратот, дистендирани југуларни вени и знаци за циркулаторен и кардиоген шок. Дишењето забрзано, пациентката користи помошна дишна мускулатура. Примена е од клиниката за Кардиологија. Хетеро-анамнестички се добива податок за силна градна болка со прогресивен карактер која започнала шест часа пред приемот. Коморбидитети: Артриска хипертензија и хиперлипидемија, алергија нема. Направен е 64-МСКТ на торакална аорта по кардио протокол, при што е дијагностицирана акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A, со задржана руптура, перикардна тампонада, без аортна инсуфициенција. Индициран е итен кардиохируршки зафат со висок периоперативен ризик.

Направена е итна операција, замена на асцендентната аорта и хемилакот со васкуларна протеза со канулација на десната артерија субклавија, водена во општа анестезија. Во тек на постоперативниот период пациентката е стабилна и одвоена од машината за дишење после 3 дена од оперативниот зафат. Спроведена е антибиотска терапија според протокол. На контролен 64-МСКТ дијагностицирана е тромбоза на десна вена субклавија, поради што е вклучена антикоагулантна терапија. Кај пациентката е спроведувана интензивна респираторна терапија и започната постепена мобилизација. Пациентката е отпуштена дома на 15-иот постоперативен ден во добра општа состојба.