Холтер – Кога и зошто се поставува? - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.04.2021

Холтер – Кога и зошто се поставува?

Поставувањето на холтер е едноставна и безболна дијагностичка процедура со која се врши 24 часовно надгледување и истовремено регистрирање на крвниот притисок и работата на срцето на пациентот со помош на мониторинг уред така наречен холтер кој се поставува на телото.

Ова мерење се прави за време на секојдневниот, вобичаен начин на функционирање на пациентот во периодот додека се носи холтер апаратот т.е. при движење, одмор, спиење или физички напор.

За време на мерењата се добиваат актуелни вредности на крвиот притисок во текот на испитуваниот педиод.  Носењето на холтер за крвен притисок во педиод од едно деноноќие овозможува утврдување на фактот дали воопшто постои покачен артериски крвен притисок, т.е. хипертензија.

Најчесто носењето на 24 часовен холтер се спроведува како дијагностичка процедура при поставување на дијагнозата хипертензија (покачен артериски крвен притисок) или при непостојан, флуктуирачки крвен притисок.

Исто така лекарот може да побара поставување на холтер доколку пациентот има покачените вредности на крвниот притисок кои тешко се докажуваат со единечни мерења. Со холтер се врши и следење на ефектот од препишаната терапија врз намалување на хипертензијата.

Процедурата на поставување холетер е брза и едноставна. Малото апаратче, кое всушност е мерачот, се носи во мала торбичка околу појасот кој пак е поврзан со една обична манжетна прицврстена на подлактицата на пациентот. Оваа комбинација се носи 24 часа, време за кое на секој половина час се врши мерење на притисокот и пулсот.

По изминување на овие 24 часа холтерот се вади од докторот и се вчитуваат податоците кои ги измерил по што тие се обработуваат и анализираат. Резултатите од анализите јасно ќе ги покажат дневно-ноќните флуктуации на пулсот и средниот артериски крвен притисок.

Од резултатите може да се види и кога настануваат евентуалните промени во срцевата фреквенција и постоењето на екстрасистоли т.е. неправилни срцеви отчукувања или прескокнувања. Исто така може да се детектираат и евентуални срцеви блокови како паузи на срцето како и можност утврдување на промени кои укажуваат на срцева исхемија.