Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.09.2015

„Имам само една роденденска желба, сите болни да оздрават“

Роденденската торта од д-р Жан Митрев ќе ја помнам доживотно

Роден и израснат пред точно 30 години некаде помеѓу македонско-косовската граница, Артан Виља своето 30-то лето го наполни во болничката соба бр. 1 на Одделот за интензивна нега во болницата „Филип Втори“ . Немал никакви симптоми во овие изминати 3 децении кои ќе укажат на проблем со срцето, ниту една поинаква болка, ниту нешто што му било непознато до тогаш, поточно до овој јануари. Од почетокот на годинава почувствувал поразличен ритам на срцето од вообичаеното оттчукување, мислел ќе мине. Биењата биле толку силни што не можел никако да лежи на левата страна. Кога видел дека ситуацијата добива на интензитет решил да побара помош. Неговите пријатели од Косово му посочиле ако бара лекар за срце тогаш да оди само кај д-р Митрев , тој е најдобар. Така и направил:„ Дојдов во Вашата болница „Филип Втори“ ме прегледа д-р Шпенд Идризи. По направените испитувања , ми открија вродена срцева мана. Ми препишаа терапија со 3 видови на апчиња, морав да ја земам за да не дојде до моментот операција. Но, таа сепак не ми помогна, операцијата беше неизбежна. Немав избор морав да го решам проблемот оперативно ако сакам да живеам, а сакам имам само 30 години и толку не реализирани соништа. Се сеќавам пред оперативно со мене зборуваа неколку анестезиолози , колку нивната енергија и позитивна мисла можат да опуштата, колку е тоа битно во тие моменти. Не знам колку долго ме оперираа, знам вечерта кога се освестив се чувствував немоќен, но следното утро веќе застанав на нозе. Ме оперираше најдобриот д-р Жан Митрев. Тоа беше последниот ден во мојата 29-та година. Утредента ми беше роденден , последното нешто кое можев да го замислам е дека роденденот ќе го дочекам во болница. Д-р Митрев и неговиот тим ми приредија изненадување. Не очекував , но премногу се израдував. Лежев во болничкиот кревет чекајќи да дојде 16.00 часот и да ги видам моите родители на посета. Одеднаш на вратата се појави д-р Митрев со роденденска торта на која имаше свеќи со бројот на годините кои ги полнам. Дел од персоналот кој беше на смена ми ја испеа роденденската песна. Ја исеков тортата и си замислив желба. По се ова што го поминав посакувам сите болни да оздрават, ете тоа е мојата желба за полни 30 години.“

Вродената срцева мана кај Артан оперативно е решена успешно. Ден за паметење, години за живеење, како што кажа и Артан има уште многу планови кои го чекаат да ги оствари. Меѓу кои и довршувањето на факултетот, му останале уште две години. Информатиката и компјутерите се во зенитот на неговиот интерес.

Пасија му е фудбалот, како помлад тренирал но најверојатно поради проблемот со срцето не можел да одигра две плувремиња, како што вели добар е и во напад и во одбрана но центарот е неговто вистинско место. Имал сила само за 45 минути на терен. Барселона е неговиот сон , Меси идол. Врува и се надева дека сега од како е надминат проблемот со вродената срцева мана ќе може нормално да продолжи да живее, благодарноста за новиот живот и спасено срце доживотно му ја препишува на д-р Митрев , а овој роденден ќе го помни засекогаш.