Имате болка во грлото и покачена температура? Не кревајте паника. Голема е веројатноста да се работи само за сезонски грип - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

22.10.2020

Имате болка во грлото и покачена температура? Не кревајте паника. Голема е веројатноста да се работи само за сезонски грип

Тестирајте се за да дознаете точно за каков тип на инфекција станува збор

Започнува периодот на настинки и грипови, а со тоа и можноста да ги поистоветите дел од симптомите со оние од корона вирусот. За да бидете сигурни за каква инфекција станува збор, во нашата лабораторија е достапен нов тест кој овозможува испитување на 4 различни вируси: SARS-CoV-2 + Influenza A + Influenza B + РСВ (Respiratory Syncytial Virus).

Вакви комбинирани респираторни тестови и до сега се изведуваа како дел од клиничките испитувања во болницата. Но сега поради актуелноста на САРС-корона и сезонските вируси,  го направивме достапен и за нехоспитализирани пациенти. Целта е да се избегне креирање на непотреба паника кај оние кои не се инфицирани со корона, туку од вообичаените типови сезонски вируси.

Цената на тестот е 4,500 денари и се изведува како и другите респираторни панели на PCR.

Достапен е со 10% попуст доколку направите он-лајн закажување

https://bit.ly/34hhkJg