Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.11.2020

Импотенција кај мажите: Кога и како настанува и може ли никогаш да не ја почувствувате?

Машката импотенција е позната и како еректилна дисфункција. Таа претставува неможност мажот да постигне ерекција или да ја задржува истата до завршувањето на сексуалниот чин. Проценките се дека меѓу 15 и 30 милиони мажи во светот страдаат од импотенција, при што најголемиот процент е дијагностициран кај мажите над 65 годишна возраст.

Иако импотенцијата се смета за нарушување типично за повозрасни години, таа може да се јави кај сите мажи во било која возраст по пубертетот. Се смета дека еден маж страда од импотенција ако во повеќе од 25% од случаите не може да изврши сексуален однос.

Главни причинители за појава на импотенција можат да бидат како физички така и психички. Физичките причини се всушност повреди, додека пак во психолошки причини се вбројуваат вознемиреноста, депресијата или стравот.

За да подобро се разберат причините за импотенцијата, неопходно е да се разбере како настанува ерекцијата.

Ерекцијата на пенисот претставува низа од бројни настани кои што се случуваат со определен редослед. Вклучува присутство на возбудување при што нервите испраќаат сигнали кон мозокот, кој што пак одговара со испраќање на сигнали кон ткивата на пенисот.

Поради тоа, доаѓа до зголемување на протокот на крв во ткивата на пенисот, кои што кога ќе се наполнат предизвикуваат ерекција. Нарушувањето во било која етапа од претходно набројаните може да резултира со импотенција.

Психолошки и физички причини
Машката импотенција кај лужето во поодминати години од животот генерално се поврзува со постоечки болести кои што влијаат на снабдувањето на ткивата со крв и пропусноста на нервите, повреди или пак несакани дејства од некои лекови.

Дијабетесот, нарушувањата на бубрезите, артериосклерозата, нервните нарушувања и состојбите како хроничниот алкохолизам може да имаат големо влијание во снабдувањето со крв и поради тоа, причинуваат импотенција.

Животните навики, како што се пушењето, преголемата телесна тежина, летаргичниот животен стил можат исто така да афектираат врз текот на крвта и можат да предизвикаат импотенција. Исто така, една од причините може да биде и недостаток на хормони.

Во некои ретки ситуации, може да се забележи импотенција ако имаме повреда на пенисот, неговите структури или нервните клетки. Исто така, слични ефекти можат да предизвикаат и оперативни зафати во тој регион.

Консумацијата на определени групи на лекови исто така може да доведе до импотенција. Антидепресивите, лековите за снижување на притисокот, антихистаминиците, потиснувачите на апетит, се познати како намалувачи на проткот на крвта во пелвичниот регион што резултира со импотенција кај мажите.

Психолошки причини
Околу 10% до 20% од мажите страдаат од психолошка импотенција. Овој вид на импотенција може да се забележи при секоја возраст. Најчестите психолошки фактори се: депресија, стрес, вознемиреност поради импотенција или сексуална средба, чувство на вина, ниска самодоверба и страв.

Ризик фактори
Секој фактор кој влијае врз протокот на крвта или врз нервните завршетоци во ткивото на пенисот, се смета како ризик фактор за машката импотенција. Најчестите ризик фактори се:

  • Возраст над 60-65 години
  • Присуство на други нарушувања како што е дијабетесот
  • Прекумерна тежина
  • Пушење
  • Летаргичен стил на живот
  • Лекарства
  • Недостаток на тестостерон
  • Присутство на психолошки нарушувања или состојби како вознемиреност, депресија и други.

Овие ризик фактори влијаат или на протокот на крвта или на преносот на нервните сигнали. Некои од овие фактори можат и заеднички да делуваат за да придонесат кон појава на импотенција. Староста се смета како најголем ризик фактор, но таа не е единствениот. Постојат индивидуалци кои што можат да доживеат успешна ерекција и сексуален однос, а имаат над 70 години.

Мажите кои што се импотентни, можат да страдаат и од депресија, анксиозност или иритантност поради неможноста да имаат сексуален однос.