Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

09.07.2012

Инфекција на васкуларна протеза и остеомиелитис

Инфекција на васкуларна протеза и остеомиелитис

Пациент З. Ј. на 71 годишна возраст примен во ПЗУ Специјална болница по хируршки болести Филип Втори, за сложен оперативен зафат поради инфекција на васкуларната протеза од претходно направено васкуларно премостување на десната нога . Пациентот пред 6 месеци на клиниката за васкуларна хирургија е со направен периферен бајпас на левата нога со постоперативна инфекција на рана и остеомиелитис на бутната коска со фистула на кожата. Направен е 64 МСКТ на крвни садови на долните екстремитети, со наод за стеснета и инфламирана васкуларна протеза и остемоиелит. После соодветна подготовка кај пациентот е направено отстранување на инфицираната васкуларна протеза од феморо-феморално премостување десно, како и отстранување на инфицираното ткиво на десната бутна коска, по што е поставена вакуум преврска на оперативната рана. Откако дојде до потполно смирување на инфламацијата направено е исполнување на коскениот дефект на десениот долен дел од бутната коска со цемент и раната е затворена. Хоспитализацијата беше во времетраење од 14 дена. Пациентот е пуштен на домашно лекување во добра општа состојба.