Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.10.2015

ИШИЈАС – симптоми, причини, дијагноза и терапија

ИШИЈАС – симптоми, причини, дијагноза и терапија

Ишијасот се карактеризира со болка во долниот дел на грбот, која преку колкот се спушта во задниот дел на ногата, а во одредени случаи ги зафаќа стапалото и прстите. Најчесто се јавува само на едната страна. Интензитетот на болката варира. Најголем дел од луѓето закрепнуваат без специфична терапија.

Што претставува ишијас?Ишијасот, познат уште и како лумбоишијалгија, претставува невралгија која примарно се карактеризира со болка во пределот на телото коај е инервиран од n. ischiadicus.N. ischiadicus е најголемиот нерв во човечкото тело, кој започнува од долниот предел на грбот и испраќа нервни гранки сè до потколеницата и стапалото.

Симптоми на ишијасГлавен симптом е остра, жаречка болка проследена со чувство на трнење, слабост, вкочанетост и здрвување. Во најголем дел од случаите се јавува еднострано, односно од половината се спушта по должината на едната нога.Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, па така болката најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, болката делумно се намалува или целосно исчезнува.

Причини за појава на ишијас
Постојат повеќе причини , најчесто станува збор за:

Хернија на интервертебрален дискус во лумбален дел. Внатрешниот централен дел на дискусот може да хернира и да врши притисок врз нервот поради што се јавува болка.

Дегенеративно заболување на интервертебралниот дискус во лумбален дел. Дегенерацијата на дискусите е нормален процес при стареењето, но кај одредени луѓе овој процес во лумбалниот дел, може да направи иритација на n. ischiadicus и да се јави болка.

Инфекции, повреда или тумор.

Бременост. Промените низ кои поминува телото при бременост како зголемување на телесната тежина, притисок од плодот и хормонални промени, може да доведат до појава на ишијас.

Спондилолистеза. Поради мала стрес фрактура настанува дислокација на прешленското тело кон напред, со што се врши компресија на нервот

Исто така, ишијасот може да се јави секундарно, како резултат на некое примарно заболување како дијабетес.ДијагнозаЗа дијагноза на ишијас, потребно е примарно да се земе добра анамнеза и да се направи детален физикален и невролошки преглед.

Со цел да се одреди причината за појавата на ишијас, во некои случаи потребни се и дополнителни испитувања како правење на електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанца.

ТерапијаПостојат неколку опции за третман во зависност од причината која довела до појава на симптомите, како и нивниот интензитет.

Лекови. Најчесто се користат аналгетици за ублажување на болката, мускулни релаксанти и др. Во потешки случаеви се применува кортико терапија.
Физикална терапија, вежби и масажи
Хируршки третман. Во одредени случаи, единствена опција за лекување е хируршка интервенција, која за среќа не е потребна кај најголем дел од пациентите.