Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.10.2013

ИТНА ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА МОЗОК И ЛЕВА РАКА


ИТНА ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА МОЗОК И ЛЕВА РАКА

Кај 54 годишен пациент се појавила нагла вртоглавица, ладна и нарушена функција на лева рака и загуба на свест, додека управувал со моторно возило. Пациентот бил пушач, со артериска хипертензија и хиперлипидемија.По приемот во Филип Втори направен е ехографски преглед на кој е верифицирано 100% запушување со флатирачки мек плак во левата заедничка каротидна артерија (ACC lat sin) и левата внатрешна каротидна артерија (ACI lat sin) како и отсуство на доплер сигнал на левата артерија субклавија и слаб опструктивен доплер сигнал на лева аксиларна артерија. Од направената 64 MSKT каротидографија и церебрална ангиографија потврден е наодот за 100% запушување на левата заедничка и внатрешна каротидна артерија како и левата подклучна артерија.

МСКТ СЛИКА ПРЕДОПЕРАТИВНО

Во консултација со кардиоваскуларен хирург индицирана е итна операција на крвните садови на вратот. Постоперативно пациентот е хемодинамски и ритмички стабилен без никаква невролошка симптоматологија, со топла и комплетно сочувана функција на левата рака. Направена е контролна постоперативна 64 MSKT каротидографија, церебрална ангиографија и визуелизација на горните екстремитети со наод за проодно каротидо-каротидно премостување од десно-кон лево со васкуларна протеза и каротидо-субклавио премостување лево со васкуларна протеза.

МСКТ СЛИКА ПОСТОПЕРАТИВНО

Првиот постоперативен ден пациентот е самостојно мобилизиран без никакви невролошки симптоми, и истиот ден е отпуштен дома.