Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.10.2015

Констриктивен перикардит, ретрка состојба со сериозни последици- приказ на случај


Констриктивен перикардит, ретрка состојба со сериозни последици- приказ на случај

Констриктивниот перикардит претставува задебелување на срцевата обвивка на која се таложат калциумски соли- калцификати. Може да се појави после било кое перикардно заболување, а ризикот од прогресијата е посебно поврзан со етиологијата и најчест е после бактериските перикардити, ТБЦ и поретко при имунолошките состојби. Во последните години се опишува и почесто кај пациентите болни од ХИВ инфекција. Клинички се манифестира со пореметено полнење на срцето и коморите, а класично оди со знаци за десносрцева слабост, која е доминатна во почетокот на болеста. Пациентите се жалат на замор, периферни отоци, прекумерно потење, надуеност на стомакот, зголемување на црниот дроб и појава на течност во стомакот. Ж. С. стар години, за прв пат беше прегледан во Ф2 пред неколку недели. Претходните две годишни иследувања на разни институции и болници, не довеле до точна дијагноза. На прием беше со евидентен задуф, замор и надуен стомак, заради присуство на слободна течност во стомакот.
сл1.

Ехокардиографски се виде задебелен перикард и типични Доплер знаци за констриктивен перикардит. Сл 1( респираторни варијации на трансмитрален профил) сл.2 (изразеност на Е` бран на ткивен доплер)
сл2.

Направен беше КТ на срце со наод за перикардни калцификати сл2a ,

како и хемодинамско иследувања сл 3 сл 4

Пациентот следниот ден беше успешно хируршки третиран со перикардиектомија.
Ова е една од поретки клинички состојби во кардиологијата и кардиохирургијата, која доведува до сериозни нарушувања на здравјето. На неа секогаш треба да се мисли при клинички нејасни состојби и знаци, присутни кај младиот пациент.