Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.11.2020

Машко здравје: Неколку симптоми кои се знак дека треба да посетите лекар

Кога мажите треба да се одат на лекар? Кои симптоми не треба да се занемаруваат?
Лекарите советуваат редовни контроли, но, колку тоа се почитува?
Еве неколку симптоми кои не треба да ги игнорите и по кои треба веднаш да се јавите на лекар:

Проблеми со инконтиненција (неволно мокрење)

Забележувате дека сè почесто станувате во текот на ноќта за да мокрите или чувствувате дека ви се оди во тоалет, но млазот на урината е многу слаб или мокрењето е болно?

Причина за тоа е зголемената простата, проблем со кој се соочува дури половина од машкото население. Ваквиот проблем се решава со лекови за намалување на непријатноста, а понекогаш потребен е и оперативен зафат со кој се спречуваат поголеми компликации како проблеми со бубрезите. Проблемот со мокрењето може да биде сигнал и за друг здравствен проблем, како дијабетес или рак на простатата. Затоа не треба да се игнорира.

Промени на кожата кои траат долго време

Неправилности, израстоци, флеки, пигментации на кожата можат да бидат карцином на базални клетки, облик на рак на кожата кој ги погодува мажите, двојно почесто отколку жените.

Затоа редовно прегледувајте го темето на главата, очните капаци, врвовите на ушите и грбот – особено доколку голем дел од денот го поминувате надвор. Овој рак не метастазира брзо како меланомот, но што подолго го одложувате отстранувањето, проблемот станува посериозен.

Долготрајна и упорна кашлица

Константната сува кашлица која трае подолго од четири недели може да биде знак на гастроезофагеална рефлуксна болест (позната и под името GERB).

Ако во текот на годината не се провери, болеста може да предизвика рак на хранопроводот. Честата кашлица може да биде и сигнал за астма, или многу поретко, рак на белите дробови и срцеви проблеми.

Проблеми со потентност

Овој проблем мачи околу четвртина од мажите на возраст од 40 години, па дури и помлади. Некогаш се јавува поради стрес, анксиозност и лоши навики, како што е пушењето цигари и алкохолот, но еректилната дисфункција може да биде и ран показател за сериозни кардиоваскуларни проблеми.

Затнатите крвни садови го намалуваат дотокот на крв во срцето и пониско, а раниот преглед може да помогне во откривање на причинителот и да спречи можен срцев, па дури и мозочен удар.

Депресија

Мажите често не покажуваат јасни симптоми на депресија, а наместо повлекување и чувствување на тага, тие покажуваат лутина. Исто така, многу малку веројатно е дека ќе побараат помош или ќе земаат антидепресиви.

Ниското ниво на витамин Б12 и витамин Д се поврзува со депресијата, а хроничната болка и болестите (дури и дијабетесот) исто така можат да бидат поврзани со психичката состојба.

Не занемарувајте ги, не само овие, туку и било кои други симптоми кои укажуваат на промени во телото. Навременото препознавање и следствено на тоа дијагностицирањето на можни болести, придонесува кон спречување и нивен развој пред да биде предоцна.