Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

09.09.2021

Менструални грчеви – Што треба да знаеме и како да се справиме?

Менструалните грчеви (дисменореа) се болки во долниот дел на стомакот. Многу жени имаат менструални грчеви непосредно пред или за време на менструалниот циклус.
Кај некои жени грчевите се појавуваат во поблага форма. Кај други пак, тие може да бидат толку силни што пречат во секојдневните активности во трање од неколку дена секој месец.
Менструалните грчеви можат да бидат предизвикани и како резултат на присуство на одредени болести, како што се ендометриоза или миом на матката. Решавањато на причината за појава т.е предизвикувачот е од суштинско значење и тоа ќе ја намали болката. Менструалните грчеви кои не се предизвикани од друга болест, се намалуваат со возраста и често се подобруваат по породувањето.

Симптоми

Како симптоми на менструални грчеви можат да се категоризираат следните видови болка:
• Пулсирачка болка или грчеви, со силен интензитет, лоцирани во долниот дел на стомакот
• Болка која започнува 1 до 3 дена пред менструацијата, достигнува врв 24 часа по почетокот на менструацијата и се намалува во рок од 2 до 3 дена
• Континуирана досадна /тапа болка
• Болка која се шири во долниот дел на грбот и мускулите

Кај некои жени исто така се појавува:
• Гадење
• Течна столица
• Главоболка
• Вртоглавица

Кога треба да побарате лекарска помош?

Консултирајте се со вашиот лекар доколку:

• Менструалните грчеви ви пречат при извршување на вашите секојдневни активности секој месец
• Симптомите постепено се влошуваат
• Почнувате да имате сериозни менструални грчеви по 25 годишна возраст

Менструални грчеви може да се појават поради следниве фактори:

• Ендометриоза. Ткивото што ја обложува матката се имплантира надвор од матката, најчесто во јајцеводите, јајниците или ткивото што ја обложува карлицата.
• Миом на матката. Овие неканцерозни израстоци на ѕидот на матката можат да предизвикаат болка.
• Аденомиоза. Ткивото што ја обложува матката почнува да расте на мускулните sидови на матката.
• Карлична инфламаторна болест. Оваа инфекција на женските репродуктивни органи обично е предизвикана од сексуално преносливи бактерии.
• Цервикална стеноза. Кај некои жени, отворот на грлото на матката е толку мал што го спречува менструалниот проток, предизвикувајќи болно зголемување на притисокот во внатрешноста на матката.

Фактори на ризик

Може да бидете изложени на ризик од менструални грчеви доколку:

• Имате помалку од 30 години
• Почнувате со пубертет рано, на 11 годишна возраст или помлади
• Имате обилни периоди (менорагија)
• Имате нередовно менструално крварење (метрорагија)
• Имате семејна историја на менструални грчеви (дисменореа)
• Сте пушач

Менструалните грчеви не предизвикуваат други медицински компликации, но можат да пречат во училиште, работа и при социјални активности.
Сепак, одредени болести како што е ендометриозата може да предизвика проблеми со плодноста. Карличната инфламаторна болест може да ги повреди јајцеводите, зголемувајќи го ризикот од имплантација на оплодено јајце надвор од матката (ектопична бременост).

Дијагноза

Вашиот лекар ќе ја прегледа вашата медицинска историја и ќе изврши физички преглед, вклучувајќи карличен преглед. За време на карличниот преглед, лекарот ќе провери дали има абнормалности во репродуктивните органи и ќе провери дали има знаци на инфекција.
Ако вашиот лекар се сомнева дека има нарушување кое предизвикува менструални грчеви, тој или таа може да препорача други тестови, како што се:

Ултразвук. Овој тест користи звучни бранови за да создаде слика на матката, грлото на матката, јајцеводите и јајниците.

Други тестови за дијагностицирање: КТ или МРИ скенирање кои обезбедуваат повеќе детали отколку ултразвукот и може да му помогнат на вашиот лекар да постави точна дијагноза. КТ скенот комбинира радиографски слики добиени од различни агли за да произведе пресечни слики на коски, органи и други меки ткива во телото. МРИ користи радио бранови и моќно магнетно поле за да произведе детални слики на внатрешните структури. Двата теста се неинвазивни и безболни.

Лапароскопија. Иако обично не се употребува за дијагностицирање на менструални грчеви, лапароскопијата може да помогне во откривање на болестите како што се ендометриоза, адхезии, фиброиди, цисти на јајниците и ектопична бременост. За време на оваа амбулантска операција, вашиот лекар ја проверува абдоминалната празнина и репродуктивните органи преку мали засеци во стомакот во кои вметнува фибероптичка цевка со мала камера.