Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.07.2021

Мезотерапија на лице за кожа која зрачи

Одберете го вистинскиот витамиски коктел за вас

Мезотерапијата на лицето е медицински третман за естетско подобрување на кожата. Таа е уште позната како витамински третман кој означува витамински вбризгувања и се изведува со помош на микроинјекции. Витамините и други активни состојки го подобруваат квалитетот на кожата и со тоа се спречува и третира стареењето на кожата давајќи похидриран, помазен и изглед кој зрачи здравје.

Како функционира?

Мезотерапијата на лицето се состои од внесување на различни комбинации на активни состојки со помош на специјални мали игли под површинскиот слој на кожата каде хијалуронската киселина е секогаш заедничка компонента.

Со вбризгувањето на овие коктели составени од хијалуронска киселина, витамини, елементи во трагови, аминокиселини или пептиди меѓу многу други, се постигнува целосна ревитализација на лицето, што како резултат нуди непосредна хидратација, осветленост и очигледно затегнување уште по првата сесија.

Бенефити од мезотерапија на лицето

Инфилтрацијата на овие активни состојки со мезотерапија на кожата на лицето помага да се надополнат основните хранливи состојки кои кожата престанува да ги произведува поради стареењето.
Инфилтрираните активни елементи, секој со своите различни својства, помагаат во подобрувањето на различните проблеми со кожата.

Од ефектите на мезотерапијата на лицето може да ги потенцираме:

  • Биостимулација на кожата со повторно активирање на природните функции на кожата
  • Интензивна и непосредна хидратација
  • Помага во преобликување на дермисот односно врши преструктуирање на структурата на кожата,
  • Антиоксидантно дејство
  • Непосреден ефект на затегнатост, еластичност, волумен, сјај и цврстина

Како и каде да се подложите на мезотерапија?

Важно е претходно да се консултирате со доктор дерматолог од кој ќе добиете соодветен совет, и кој ќе избере најсоодветен вид мезотерапија за вашата кожа.
По направената консултација мезотерапијата се изведува амбулантски. По третманот е потребна многу малку последователна нега и овозможува непосредно вклучување во секојдневните активности.
Многу малку е непријатна затоа што се прави со многу тенки игли, но може да се аплицира и со локална анестезија во форма на крема.

Кој може да ја користи?

Мезотерапијата на лицето може да ја применат и мажи и жени од било која возраст и со сите типови на кожа.
Индицирана е и за лекување на првите знаци на стареење и за постара кожа.

  • Млада кожа со недостаток на хидратација
  • Девитализирана кожа
  • Површни брчки
  • Опуштеност на лицето
  • Дамки /флеки на кожата

Сама или во комбинација со други третмани?

Мезотерапијата на лицето е комплетен третман сам по себе, но кога се изведува во комбинација со други третмани, како што е на пример пилинг, резултатите се уште подобри.
Всушност со подобрување на структура и квалитетот на кожата, мезотерапијата придонесува кон поголема ефикасност и времетраење на кој било друг третман што се спроведува подоцна, и помага да се задржат ефектите од претходните третмани.

Кога се забележуваат нејзините ефекти?

Мезотерапијата на лицето нуди многу брзи резултати. Во периодот меѓу првиот и третиот ден по мезотерапијата на лицето, ефектите се веќе јасно видливи, што го прави идеален третман за настан во кој сакате да ја покажете сјајната кожа.