Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

„Ми рекоа дека имам тумор и дека мора да се оперирам но дека сега е време на годишни одмори па тоа нема кој да го направи“

Назад до Дневна доза здравје

14.10.2019

„Ми рекоа дека имам тумор и дека мора да се оперирам но дека сега е време на годишни одмори па тоа нема кој да го направи“

 

Во нашата клиника често пати нашите тимови од доктори се ставаат во состојба да реагираат брзо, одлучно и исправно. Борбата за животот на пациентот е приоритет кој во трката со времето станува единствена цел за сите. Во таа борба се употребуваат сите расположливи средства и од техника и од човечки фактор без оглед на време и место. Токму таква борба, која е многу честа во нашата клиника, се одвиваше и за животот на еден наш сограѓанин кој замислете бил вратен т.е. не бил итно опериран, иако состојбата тоа го барала, од една од државните болници, и тоа замислете „поради започнување на годишните одмори“.

– Иако имав болки и многу тешко се движев во државна болница ми рекоа дека нема кој да ме оперира. Ми ги направија испитувањата и ми рекоа дека имам тумор и дека мора што поскоро да се оперирам но дека сега е време на годишни одмори па тоа нема кој да го направи. Јасно ми беше дека морам спасот да го барам на друго место по што моето семејство одлучи да побараме спас во клиниката „Жан Митрев“. Тука ме оперираа и голема благодарност до целиот тим што се заврши како што треба – вели пациентот, потсетувајќи се низ сè што поминал.

Неговата приказна во Zan Mitrev Clinic започнува откако се јавува на преглед по што веднаш е хоспитализиран и по сите направени испитувања закажана е операција.

– Констатирано е дека пациентот на возраст од 71 год. (тежок 56 кг, висок 162 см, BMI 21,34 кг2) има неурофибросарком во левата страна во ретроперитонеум. При клинички преглед утврден е голем палпабилен тумор во абдоменот кој јасно испакнува. Исто така беше видлива рана од претходна биопсија. Лабораторија во прилог на неконтролирана гликемија, анемија, тромбоцитоза (Plt 406,1 × 103/μL) потхранетост (Albumini 22,0 g/l). Проверката на МСКТ покажа дека туморот го инфилтрира левиот бубрег и неговите крвни садови, го избуткува колонот и има нејасен однос кон мезентерични крвни садови од тенкото црево. Истовремено го истуркува/инфилтрира панкреасот и прави компресија на лиеналната вена. Поради анемијата и потхранетоста подготовката за оперативен третман е направен согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот – информира Проф. Д-р Милчо Пановски, абдоминален хирург, субспецијалист во Zan Mitrev Clinic

Под комбинирана (општа и епидурална) анестезија пациентот е опериран. Интраоперативно е утврдено дека постојат метастатски промени на оментумот но дека е можна радикална процедура.

Комбинираниот онколошки тим од нашата клиника (уролог, абдоминален хирург) успешно ја заврши операцијата. Туморот кој беше со огромни димензии, 27×17×14 см, заедно со оментум е отстранет. Направено е и отстранување на дел од телото и опашката на панкреасот заедно со слезенката. Поради инфилтрација на туморот во крвните садови на колонот направена е и парцијална ресекција на колонот со термино-терминална анастомоза.

  • Вкупно време на интервенцијата 260 минути.
  • Пост оперативно дадена супституциона терапија за панкреасната егзокрина и ендокрина функција, профилакса за тромбоцитозата, и е воден согласно ERAS протоколот.
  • Постоперативниот тек уреден, со присутна еднодневна психогена дезориентираност.