Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

28.09.2012

Млад лекар од Мелбурн, Австралија, во посета и летна пракса во “Филип Втори“


Млад лекар од Мелбурн, Австралија, во посета и летна пракса во “Филип Втори“

За прв пат ова лето во “Филип Втори“, млад лекар од универзитетот DEKIN во Мелбурн, Австралија посетуваше летна пракса. Австралиецот со македонско потекло, Горан Митрески, лекар кој своите медицински студии ги заврши годинава, во периодот од 16-ти јули до 24-ти август ја спроведуваше својата едномесечна задолжителна пракса. Желбата да се биде во родната земја, а сепак достојно да се одговори на работната обврска, овој млад човек го донесе толку во “Филип Втори“.Накратко, Горан ни го пренесе својот впечаток, од она што го виде во болницата.1. Како дозна за Филип Втори?

Од роднини и пријатели, но и од истажување по Интернет.

2. Сигурно дојде со некои очекувања. Дали Филип Втори ги задоволи твоите очекувања?

Да, потполно и на секое ниво. Најголем впечаток ми остави отвореноста на персоналот. Едноставно, воодушевен сум од односот и од тоа како ме прифатија. Желбата да те запознаат, остава простор за учење.

3. Дали научи нешто ново?

Се потсетив и го повторив она што сум го заборавил по анатомија и се разбира, видов нови техники во хирургијата, особено во делот на кардиохирургија кои ќе ми бидат од помош дома. Сега се враќам и имам ротација на оддел за кардиохирургија.

4. Како работи Филип Втори, дали на ист принципи како и болниците од овој тип во Австралија?

Се работи по протоколи и гајдлајнси кои се слични, па речиси и исти како и таму.

5. Каков е твојот општ впечаток и искуство?

Поминав одлично време, добив искуство на интензивна нега и во оперативна сала околу различни болести, следење и мониторирање на пациенти.

6. Како го гледаш македонското здравство?

Приватните клиники се одлични, со тоа што можеби се потребни некои мали измени во протоколите за работа. Лекарите и техниката со кои располагаат се одлични. Соработката на перосналот е на високо ниво. За државното здравство нема што да се каже!

7. Што е твојот план за во идинина, конкретно во кој дел од медицината се гледаш?

Би сакал да бидам хирург ортопед или абдоминален хирург.

8. И за крај, дали можеби се гледаш себе си како лекар во Македонија еден ден? Дали би работел во земјава?

ДА!