Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.09.2021

Моето дете ‘рчи. Дали треба да се загрижам?

Многумина мислат дека ‘рчењето се појавува исклучиво кај возрасните, иако вистината е дека и децата’ рчат, дури и само неколку месеци по раѓањето.
Доколку вашето дете ‘рчи, сигурно сте забележале и сте се запрашале што е причината.

Во продолжение на текстот ќе најдете корисни информации кои ќе ви ги направат работите појасни.

Моето дете ‘рчи како дедо. Дали е нормално?

‘Рчењето всушност означува креирање рапав звук од дишењето при спиење. Тоа е шум кој воздухот го создава минувајќи низ тесните горни дишни патишта и тоа е вообичаен симптом на она што го знаеме како нарушено спиење (sleep apnea).
Иако вообичаено се мисли дека тоа се појавува исклучиво кај возрасните, не е сосем точно. И децата ‘рчат и тоа по само неколку месеци од животот. Повеќето го прават тоа благо и повремено, што често може да се поистовети со настинка. Овој рапав звук исчезнува кога исчезнуваат катаралните симптоми (собирање на слуз во носните шуплини, грлото или синусите). Но, приближно едно од 10 деца ‘рчи редовно, секојдневно.

Зошто моето дете ‘рчи?

Факторите кои влијаат во појавувањето на ‘рчењето се настинки, алергии (ринитис и астма), враќање на храна кај доенчиња и пасивно пушење. Иако најчестата ситуација е дека минувањето на воздухот низ горниот респираторен тракт е попречено од постоењето на израстоци или прекумерно големи крајници (хипертрофични), или при несоодветен облик на шуплината на устата и вилицата, можна е и комбинација од неколку од наведените заедно.

Колку е сериозно ‘рчењето кај моето дете?

Познато е дека ‘рчењето може да влијае на наушувањето на сонот, така што спиењето кај детето кое ‘рчи често нема да биде цврсто, непречено и квалитетно како што е кај децата кои не страдат од овој проблем. Децата што ‘рчат почесто имаат ноќни стравови, кошмари, можат да месечарат т.е да одат во сонот, но и да страдаат и од други нарушувања на спиењето познати како парасомнија.

Можеби ќе си помислите дека доколку детето што ‘рчи спие повеќе, подолго ќе се одмори, но за жал не е така. Поминувањето многу часови во кревет не гарантира добар одмор, и честопати овие деца, и покрај тоа што спијат повеќе од 11 часа во текот на ноќта, наутро се будат многу тешко и често доцнат или не се појавуваат во шчилиште, а понекогаш дури и заспиваат на час.

Така децата што ‘рчат може да бидат поспани во текот на денот или во некои случаи, дури и премногу немирни поради оваа причина која влијае на нивното расположение и училишните перформанси, нивното однесување и нивната социјализација.

Ако вашето дете има над 4 години и секојдневно задремува или спие попладне или пак уринира во кревет (познато како „енуреза“), тоа може да се должи на лош сон од ‘рчење. Децата исто така може да се жалат на главоболка наутро и недостаток на апетит.

Дали постојат различни нивоа на сериозност на ‘рчењето? Дали постојат околности кога станува посериозно? Како можам проценам?

Ако вашето дете ‘рчи, треба да обрнете посебно внимание на знаците и симптомите на она што е познато како синдром на Апнеа-Хипопнеа при спиење (SAHS – Sleep apnea/hyponea syndrome), која е всушност најсериозната форма на нарушувања на дишењето при спиење. Статистиката вели дека околу 20% од децата што ‘рчат можат да страдаат од SAHS.

Забележете дали вашето дете се бори за воздух за време на спиењето? и Дали, понекогаш, престанува да дише неколку секунди, придружено со тешко дишење (познато како „опструктивна апнеја“)?, Дали многу се поти? и Дали зазема чудни позиции при спиење?

Дооколку одговорите на овие прашања се позитивни, треба да го информирате и да се консултирате со вашиот педијатар, бидејќи последиците од страдањето од SAHS не се само ‘рчење туку може да бидат многу посериозни.

Последиците вклучуваат лоши училишни перформанси, недостаток на концентрација, проблеми во однесувањето, слаб апетит, ноќна енуреза, висок крвен притисок, слаб раст и други.

Постојат тестови кои се сосем безболни за вашето дете, кои се прават во клиника, па дури и дома. Со помош на апаратче – полисомнограф кое собира голема количина на податоци додека детето спие. Овој тест е познат под името полисомнографија.

Во одредени случаи педијатарот може да ги третира причините за ‘рчењето на детето (инфективен или алергиски ринитис, гастроезофагеален рефлукс) и проблемот ќе се реши. Во повеќето случаи кога се одредува SAHS, третманот мора да биде оперативен.

Tретманот на SAHS го спроведува отоларинголог со хируршкo отстранување на израстоците и крајниците на детето (позната како аденонотосилектомија).

Операцијата со аденонотосилектомија успева да го реши проблемот кај 7 или 8 од 10 деца со SAHS, иако е препорачливо да се внимава на повторувањето на појавата на симптомите, бидејќи тие може да се појават повторно по неколку месеци или години.