Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

19.02.2016

Нашата поликлиника во Битола со едукативни предавања за основците „Деформитети на ‘рбетениот столб – сколиози и кифози“


По повод отворањето на новата болница во Скопје во која ќе работи тимот на д-р Жан Мтрев, нашата поликлиниката во Битола во месец март има акција од 50% попуст за прегледи на ‘рбетен столб кај деца .

Оваа акција вчера беше најавена преку едукативни предавања кои ги одржа ортопед д-р Сузана Јанчевска вработена во поликлиниката „Филип Втори“ во Битола. Темата на истите беше „Деформитети на ‘рбетениот столб – сколиози и кифози“ , а се одржаа во три основни училишта, „Славко Лумбарковски“, „Елпида Караманди“ и „Коле Канински“. Предавањата беа едукативни, полни со информации и прилагодени на возраста на децата. Преку сликовити прикази на релани состојби , статистики,  како и совети за правилно држење на телото при секојдневните активности на ‘рбетниот столб.

„Од голема важност се средбите со учениците на возраст од 8-10 години пред почетокот на пубертетот затоа што во периодот на интензивен раст (пубертет) заради бурни хормонски промени, мускулоскелетниот систем, а посебно ‘рбетниот столб е вулнерабилен и подложен на деформитети. Ако на ова се надоврзе и современиот начин на живот (огромниот број на часови во седечка позиција на училиште, дома пред компјутер и ТВ, неодволнa  физичка активност кај голем дел од основците, носењето на преполни училишни чанти, проблеми со видот како и генетска предиспозиција ) ризикот за настанување на деформитети на ‘рбетниот столб е многу голем. Доколку и пред пубертетот кај детето постоел некаков деформитет на  ‘рбетниот столб, во периодот на интензивен раст деформитетот рапидно ќе се зголемува. Статистиките покажуваат дека 15% од школските деца имаат искривување на рбетниот столб и дека овој процент од година во година се зголемува. Околу 20% имаат неправилно држење на телото , 91% од учениците имаат неправилен седечки став, 80% од возрасните имаат искривен рбет (2/3 не ни знаат се до појавата на болки и други потешкотии), што укажува дека лошото држење на телото во детската возраст преминало во деформитети, 15-27% од децата кои имаат сколиоза  имаат родители кои го имале истиот проблем “ изјави д-р Јанчевска.

Затоа е повеќе од потребна едукацијата на децата а посебно внимание треба да се посвети на превенцијата. Детскиот ‘рбетен столб може да го зачуваме преку добра физичка активност, времето пред компјутер да се ограничи на 30 минути дневно, здрава и избалансирана храна, адаптација на училишните клупи според возраста на детето, училишните ранци да не се поминуваат 15% од телесната тежина на децата.

Тимот на д-р Жан Митрев  и понатаму ќе спроведува активности кој ќе водат кон  зачувување на здравјето кај најмладата популација.