Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.09.2015

„Не биле сите генерали после војната“ …Три пати за еден час, бев очи во очи со смртта!

„Не биле сите генерали после војната“ …Три пати за еден час, бев очи во очи со смртта!

Првиот викенд од месец август, 60 годишниот машински инженер С. Соломанов од Скопје со своето семејство планира да замине на продолжен викенд кај јужниот сосед. Неколку дена пред тоа добива болки во градите, кои го тераат да побара лекарска помош. Лекарот го советува дека треба да се направат дополнителни испитувања. Сашо како што ни кажа, немал намера да си го „расипува“ продолжениот викенд по болници и заминува за Ставрос. Непосредно по пристигнувањето одат во ресторан на ручек, одеднаш Сашо губи свест и паѓа на земја. Од падот добива повреди на главата.„Седнавме да ручаме, одеднаш само ми се стемни, немав време да почуствувам било каква болка и не се сеќавам на ништо. По некое време дојдов при слаба свест, еден грчки лекар кој случајно се најде тука веќе знаеше што ми се случи, акутен инфаркт и тоа неколку последователни, се обидував да станам не ми дозволуваше, само ми велеше да не се поместувам. Со возило на брза помош ме однесоа во главната болница во Солун . Ми раскажуваа дека три пати сум западнал во клиничка смрт ме враќале со електрошокови, и да, ме вратија од мртвите. Приемот од страна на тамошните лекари беше професионален, но со душа чекав да помине викендот. Во Грција за викенд не влегувале во операциона сала за случаи како мојот. Понеделникот го чекав како ништо на светот до сега, се беше организирано да ме вратат во Македонија и да бидам примен кај д-р Митрев во „Филип Втори“. Со амбулантно возило ме донесоа до граница носев песмејкер бидејќи без него ќе колабирав, на граница ме чекаше амбулантното возило на „Филип Втори“ и нивниот тим, мксимално посветени на работата. Во специјално возило за итни пациенти ми го сменија песмејкерот и тргнавме кон Скопје “, раскажува Сашо.

Во нашата болница беше примен во многу тешка, крајно критична состјба . Веднаш му се направени сите испитувања , преку компјутерската томографија констатирано е дека доживеал инфаркт поточно неколку последователни удари. И не само сега, преку компјутерската снимка регистриран е и еден удар од порано кој поминал незабележително, но го направил своето. Од нив имаше големо оштетување на крвните садови кои водат до срцето. Тежок случај кој добива на комплицираност затоа што пациентот 20 години е дијабетичар. Академик д –р Жан Митрев ја изврши операцијата при која му се направени 4 бајпаса. По операцијата закрепнува добро. Благодарение на максималната брзина и професионалнст од страна на тимот на д-р Митрев, Сашо денеска е во својот дом закрепнува добро и неуморно продолжува да трага по интересни места кои може да ги улови со неговиот фотоапарат, фотографијата му е пасија. За ова премрежје во животот за крај порачува:“ Мислев дека по војната сите се генерали, но не било така“, факт е дека човек понекогаш треба да прима совети од најблиските, да ги послуша. Колку пати ме опоменуваа моите дека претерувам со цигарите јас не признавав, по 3 кутии дневно пушев. Данокот ме стигна сега, извлеков поука , неквалитетниот начин на живот мораме сите да го смениме ако сакаме да дочекаме старост. Благодарам до сите во болницата на д-р Мтрев кои направија надчовечки напори за да останам жив“.