Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Последни новости од нашата клиника

Назад до Дневна доза здравје

05.11.2019

Ноќната апнеа или престанок на дишење во сон кај децата

Оваа состојба се јавува  кај 1-5 % од  детската популација  помегу 2 -8 годишна возраст. Овој период  на рано детсво се карактеризира со интезивен раст и развој на многу органи и системи. Ноќната апнеа или престанок на дишење во сон кај децата не треба да биде занемарена, доколку родителите забележуваат кај своите деца грчење, немирно спијат, спијат со  отворена уста, имаат краткотраен престанок на дишењето, завземаат невообичаена позиција кога спијат, прекумерно се потат, треба да стапат  во контакт со специјалист педијатар, вели Прим. д-р Благица Манчева, педијатар пулмо-алерголог во Клиничка болница „Жан Митрев“.

Што ја предизвикува ноќната апнеа?

Овие пореметувања  на  дишењето може да се резултат на зголемување на тонзилите и аденоидите, прекумерна телесна тежина, најразлични  аномалии на структурите на лицето како и пореметувањето во преносот на сигналите од нервите кон мускулите (неуромускулни абнормалности) во детството. Пореметувањата на дишењето во тек на сон се појавуваат како резултат на  делумeн и / или  целосен  намален проток на воздух низ  горните дишни патишта во тек на спиење  кои можат да го нарушат нормалниот  внес на кислород  како и  сонот.

Кој се најчести симптоми и кој е ризикот доколку не се забележува и третира навреме

Грчењето е најчесто препознен  симптом од страна на родителите. Многу од децата повремено  грчат  во склоп на  вирусни инфекти на горните дишни патишта, заради зголемена аденоидна вегетација, но доколку  грчењето  перзистира подолго време и е поврзано со престанок на дишењето, често будење од сон, немирен сон, невообичаена положба во  тек на спиење, зголемено ноќно потење, невообичаени движби на градниот кош во сон. Намалениот  внес на кислород во овој период  ќе резултира со сериозни  промени во функцијата на истите. Овде можат да бидат засегнати срцето, белите дробови, бубрезите, сите внатрешните органи одговорни за бројни метаболни процеси.

Најосетлив  орган на  овие промени  е мозокот –  долготрајниот намален  внес  на кислород во тек на раното детство може да даде сериозни проблеми во неуроконгнитивниот развој кај децата, проблеми во однесувањето (агресивно однесување, хиперактивност)  како  и слаб успех  во  училиште.

Полисомнографија – најточна и најсигурна метода за потврда на пореметувањата на дишењето во тек на сон

Метода со која се потврдуваат  престанокот на дишење  во тек на сон (апнеи) со сериозно  намален внес на кислород  е ноќната  полисомнографија. Се реализира  со софистициран  мал апарат кој му се аплицира на пациентот  непосредно пред спиење. Апаратот  регистрира  бројни параметри кои севкупно  анализирани ќе ни дадат пресек на тежината  на состојбата и соодветен приод во разрешување на истата. Во  нашата  Клиника  ваквиот  тип на снимање  се спроведува во домашни услови со претходна едукација на родителите и самото пациентче за  начин на  реализирање на снимањето и  апликација  на  апаратот. Доколку  пациентот е  од  далеку постои можност  снимањето да се реализира во самата Клиника.