Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

15.08.2017

Нова награда за шеф мајсторот Игор од ресторанот “Пулс“


За вкусните специјалитетите, но и кулинарските вештини на Игор Атанасов-Каспер, готвач во ресторанот “Пулс“ во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ се повеќе се зборува. Гастрономските вештини тој се почесто ги потврдува не само во емисиите за кулинарство, туку и со учество на домашни и меѓународни гастрономски фестивали. На последниот Балкански гастрономски фестивал “Гулашијада“ што се одржа на 12-13 август во Јасеново, Србија тој со неговиот тим од ГАСТРОМАК доби прва награда. “ Гулашот беше направен по иста рецепта како што го подготувам во кујната на ресторанот “Пулс“. Кромид, јунешко месо, црвен пипер, сол и бибер. Тоа се состојките кои се потребни за ова јадење, а останатото  е вештина“, ни објасни Игор. Разликата во гулашот што го подготвува во ресторанската кујна и на фестивалот е во една состојка. За натпреварот додал и малку ким.

Игор е горд на неговите постигнувања особено што менијата кои се дел од понудата на  ресторанот „Пулс“ излегуваат и надвор од границите. “Убавината на овие фестивали не е само во готвењето и презентирањето на кулинарските вештини, туку и во дружењето, размената на искуства и рецепти за готвење“, дополни тој. Следен предизвик е Интернационалниот гастрономски фестивал кој е планиран за во октомври, годинава во Струмица. Тој додаде дека на овие фестивали може да се запознаат и да разменат искуства со многу познати готвачи, како што е Халим од Босна кој им готви на претседателите во Босна. Покрај медалот и пехарите, Игор донесе и благодарници за д-р Жан Митрев потпишани од словенскиот мастер шеф, како и од швајцарскиот мастер шеф за значајниот придонес на Игор на овие фестивали.