Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.02.2016

Новата болницата „Филип Втори“ низ катови (Сутерен и приземје)


Сперед организациониот план новата болница „Филип Втори“ која наскоро ќе биде отворена е поделена на 4 ката, плус покрив каде што е сместена целата машинерија за климатизација.

Болницата е изведена со 4 пристапи за комотна циркулација на сите кои влегуваат и излегуваат од неа. Преку главен влез, влез за лица со посебни потреби кој воедно е организиран и како влез на итни болни и директен пристап кон итната служба, службен влез и помошен страничен влез.

Преку посебен економски влез се обезбедува ефикасно функционирање на економскиот и комерцијален дел од објектот, управување со медицинскиот и комуналниот отпад, набавки, сервисирање итн. Овој сервисен влез во целост придонесува кон непречен проток на луѓе и возила и кружно сообраќајно движење.

Сутерен

Во сутеренот се сместени магацините за фармација, персоналните гардеробери, стерилизацијата, која е комплетно опремена од фирмата „Бланко“, со ултразвучни кади за перење на инструментите.

Во тој дел се сместени и пералната за алишта, како и посебна перална за болничките кревети. Остава за хранливи продукти, остава за медицинска апаратура . Овој дел е обезбеден со Хепа филтри кои даваат висока чистота на воздухот.

На овој простор  се наоѓа и делот за физикална терапија, со неопходната апаратура за кардио, ортопедска рехабилитација, архива, инжиниерија за логистика на целокупната апаратура во болницата , како и галенска лабораторија.

Приземје

Во приземјето од објектот е делот за дијагностика. Од главниот влез до главниот лифт лево е поставен  шалтер каде секој посетител може да ја добие неопходната информација.

На истата страна се наоѓа неинвазивниот дијагностички дел со постоечки амбуланти за кардиологија, интерна медицина, неврологија, коронарен стрес тест, неинвазивна дијагностика во кардиологијата, ултразвук дијагностика, невролошки иследувања како ЕЕГ, ЕМГ. Наспроти овој дел е сместен делот за инвазивна дијагностика обезбеден со специјални хепа филтри за чистота на воздух и овде на дневна основа се прават сите ендоскопии – од урологија,  цистоскопија, биопсии, гиниколошка ендоскопија, гастроскопија и колоноскопија, третман на хемероиди со биопсии, мала интервентна сала со можност за третман на рани. Овие простории се обезбедени со анестезиолошки апарати и ЕКГ мониторинг. Веднаш до нив е лабораторијата која е  модерно оперемена со можност за сите видови биохемиски анализи, имунологија, тумор маркери, трансфузија, како и микробиологија.

Во главниот хол има аптека за продажба на лекови, менувачница и мала кафетерија. Од десна страна на главниот влез е сместена целата рентген дијагностика – компјутерска томографија, рентген и ангиографија. Сите се последна генерација на „Филипс“, со минимално зрачна технологија за пациентите и за персоналот. Со максимално прецизни резултати и со најкраток временски период за добивање на истите.

Просториите се со специјална оловна заштита. Во овој дел е поставена и магнет дијагностиката, која исто така е од последна „Филипс“ технологија. Покрај ова болницата комплетно е опремена со Филипсови ултразвучни апарати. Целокупната Филипсова технологија е смарт технологија последна генерација и отворен систем каде секоја новина во однос на проекции  и пресеци континурано редовно се aпдејтира на рентген и магнет компјутерскиот систем.

Со вградивање на овие апарати болницата е веќе етаблирана како ФИЛИПСОВ РЕФЕРЕНТЕН ЦЕНТАР ЗА ДИЈАГНОСТИКА.

Во овој дел е сместена и итната служба со посебен влез и  една операциона сала обезбедена со 5 креветни места опремени со инвазивен мониторинг и респираторни машини. Операционата сала е монтажна, модуларен  блок систем од италијанско производство „СХД“ , а опремата оперативниот стол од марката „Трумф“ и операциони светла и ампели од познатиот „Дрегер“.