Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.04.2012

Одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Скопје (16.03.2012) – Филип Втори и Црвениот Крст на Македонија заеднички ја обележаа неделата за борба против кардиоваскуларните заболувања. Фокус на овогодишните активности беше ставен на стресот како неизбежен дел од нашето живеење и како ризик фактор за развој на бројни заболувања.По тој повод беа организирани едукативни работилници наменети за младите на тема „Стресот и младите“. Покрај едукацијата младите имаа можност да бидат вклучени во работилница на која се изведуваа и физички вежби. Вежбите имаа за цел демонстрирање на еден од најдобрите начини за справување со стресот и превенирање на кардиоваскуларните заболувања – физичката активност. Низ активно учество и дискусија младите имаа можност и самите да допринесат кон разбирањето на стресот и изнаоѓањето механизми за справување со истиот. Во заедничка организација беа одржани уште неколку работилници каде покрај Општинската организација на Црвениот Крст на општина Центар, во организацијата се вклучи и здружението „Здрава иднина“. Едукативни работилници беа организирани и во Делчево, Берово и Виница. Работилниците беа водени од Д-р Јасмина Зафировска, специјалист по интерна медицина со предавање на тема „Стресот и кардиоваскуларните болести“ и психолог Илија Дојчиновски со предавање на тема „Психолошки аспекти на стресот“.Во духот на неделата и оваа година од страна на психолозите од „Филип Втори“ и претставници од Црвениот крст на град Скопје беа посетени неколку семејства на пациенти кои поминале низ оперативни зафати во нашата болница. „Нам ни беше значајно да им ја пренесеме нашата поддршка во унапредувањето на нивното здравје, да видиме како тие пациенти продолжиле со својот живот и да слушнеме што тие самите и нивните семејства преземаат за подобрување на сопственото здравје“, изјави Фросина Ристовска од одделот за психологија и психотерапија на Филип Втори.

Сите активности кои беа реализирани имаа за цел промоција и унапредување на здравјето како најбитен приоритет за секој од нас, без оглед на нашата возраст.