Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

20.09.2017

Одбележување на јубилеј – 20 години од трансплантација на срце извршена од д-р Жан Митрев


Пред 20 години, д-р Жан Митрев на негова 36 годишна возраст извршил трансплантација на срце и е првиот македонец кој пресади срце во Универзитетската клиника во Франкфурт. По тој повод беше организирана и прес-конференција каде беше прикажана видео-приказна во која беа претставени моментите од периодот кога д-р Митрев работел во Франкфурт, со акцент на трансплантацијата на срце кај пациентот. Успешната приказна за оваа специфична интервенција од пред 20 години за брзо време се прошири и во Македонија. „Жан Митрев-македонски Кристијан Бернард“, „ЖАН – првиот македонец кој пресади срце“, „Македонски хирург пресади срце“… беа само некои од насловите во весниците кога се прошири веста за успешната трансплантација на срце. „Всушност, со овој пациент бележиме и еден раритет дури и за германската медицина. По операцијата што ја извршив со екипа од десетина доктори, шест часа по трансплантацијата, откако утврдивме дека се е во ред, на истиот пациент и во истиот ден е извршена трансплантација на бубрег. Заменети се два клучни органи во истиот ден, што навистина претставува реткост и во Германија“ е дел од изјавата на д-р Митрев, објавена во еден од весниците во тој период. На крај, видео приказната беше заокружена со едно, се уште, отворено прашање: Зошто во болницата ЖАН МИТРЕВ сè уште не е воведена оваа интервенција?

Дека ова е важно прашање кое сè уште претставува предизвик за д-р Жан Митрев и неговиот тим потврдија и новинарите кои побараа одговори од д-р Митрев на оваа тема. Кои се тие административни пречки, каков бенефит ќе имаат пациентите, дали во болницата ЖАН МИТРЕВ има услови за воведување на оваа специфична интервенција?

„Ова е моја долгогодишна желба која се надевам дека ќе ми се реализира. Се работи за административни пречки кои доколку се надминат ќе спасат многу животи и за оваа интервенција не мора да се оди во други земји. Ова е заедничка борба која треба да ја добиеме од надлежните институциите, а за доброто на многу пациенти“, беше пораката на д-р Митрев.

Погледнете ја видео-приказната за 20 години од трансплантација на срце.