Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

22.04.2016

Одликување, плакета и призание за д-р Жан Митрев од МИТ Универзитетот

Ректорот на МИТ Универзитетот од Скопје професор д-р Маријан Стевановски му врачи признание на Академик д-р Жан Митрев  за посебни заслуги во развојот на кардиохирургијата во Република Македонија ,  лидерство и менаџирање во здравството, наметнување нови вредности и стандарди во медицината и здравствениот сектор  и хуманизам и борба за секој човечки живот.

Покрај ова признание д-р Митрев доби и одликување и плакета ,како што истакна ректорот,  во име на досегашната и идната соработка на овие две институции.

„ Навистина сум пријатно изненаден , вообичаено не сум научен на толку признанија, многу повеќе на сопки и слични работи, но така е во животот. Треба да се изборите за она што сакате да го работите. Ќе има  сопки и лакти и ќе сакаат на некој начин да Ви попречат додека одите по патот кој сте го избрале како вистински. Секој од Вас ја има истата можност како и јас, само прашање е колку ќе се заложите за нешто, колку тоа го сакате и колку енергија ќе посветите додека работите во остварување на Вашата цел. Што и да Ви пренесуваат  професорите, на што и да Ве учат,  Вие имате во Вас нешто внатрешно,  кое Ви кажува што треба да правите во животот. Ви благодарам уште еднаш за овие признанија и каде што можеме да помогнеме во науката , едукацијата , во практичните работи ,  Ви стоиме на располагање“, изјави д-р Митрев по доделувањето на одликувањата.

Ова не е прва награда за д-р Митрев од страна на МИТ Универзитетот , пред две години тој беше прогласен за почесен  доктор на науки од областа на медицината и на здравството.

Медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева ,на педесетината студенти од  повеќето факултети на МИТ Универзитетот и нивните професори, преку кратка едукативна прошетка им  ја претстави болницата.

Во салата за аудиториум  на гостите им беше прикажан и 15 минутниот документарен филм кој ги опфаќа најважните датуми и настани  од 16 годишното постоење на специјалната болница „Филип Втори“.  Како што изјавија гостите од МИТ Универзитетот тие се задоволни и импресионирани од она што го видоа во болницата,  потенцирајќи дека постојат многу заеднички полиња на соработката со д-р Жан Митрев и неговиот тим.