Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.11.2015

Општа и локална анестезија


За сигурен и безбеден престој во болницата и за успешно изведување на предвидениот хируршки зафат, од голема важност е запознавање на пациентот со основните анестезиолошки постапки кои се презвемаат пред и после операцијата. Основна цел на анестезијата е да обезбеди безболно одвивање на хируршкиот зафат.
Анетезиолошки преглед пред операција
Еден ден пред  операција се обезбедува предоператвен анестезиолошки преглед и врз основа на утврдената состојба и добиените податоци (досегашни болести, лекови, алергии, лабораториски наоди) се проценува здраствената состојба и подготвенсот за планираниот оперативен зафат. Во текот на предоперативниот преглед пацинтите се запознаваат со типот на анестезија што ќе се води, нејзините предности и недостатоци и можните ризици и компликации од истата. На пациентот секогаш му се предлага оптималниот тип на анестезија.
Зошто анестезија?
За време на операцијата пациентите сакаат да не чувствуваат болка, а хирурзите сакаат пациент кој е релаксиран и безбеден. Анестезијата е таа што обезбедува безболност и мирни пациенти. При општата анестезија пациентот ,,спие,, и е потполно несвесен, додека при локална анестезија, пациентот останува буден притоа нечуствувајќи болка. При општа анестезија, свесноста кај пациентите се враќа кога ке престане влијанието на анестетиците.
Поедини пациенти кај кои се води локална или регионална анестезија понекогаш се прашуваат зошто запаѓаат во сон за време на операцијата? Причина за тоа се седативи кои се користат за време на операцијата, а имаат цел да го смират пациентот. 

 Локална анестезија
Локална анестезија подразбира употреба на локален анестетик на местото каде е потребно обезболување. Анестетикот се вбризгува со инјекција, а пациентот е потполно буден и свесен. Дејството на анестетикот трае од еден до два часа. 

Општа анестезија
Оваа анестезија обезбедува безболност, релаксираност  и длабока седација на пациентот. Бидејки се прекинува и дишењето, со помош на ендотрахеална цевка (тубус) се обезбедува дишење со машина за анестезија. Пациентот е несвесен за околината околу него.Општата анестезија овозможува изведување на инвазивни и подолготрајни хируршки интервенции. После операциите пациентите се префрлаат во соба за будење или на интензивна нега, каде и понатаму се под мониторинг на добро обучен медицински персонал.  
Постои ли можност за ризик од анестезија?
Ниту една медицинска интервенција не е потполно безбедна. Видот и тежината на  основната болест, пропратните заболувања, возраста, како и животните навики го одредуваат степенот на ризик. Сериозните компликации  се ретки, но сепак можни. Со постојано надгледување на животните функции, анестезиологот може навремено да препознае било какво пореметување и навремено да реагира. Во специјалната болница филип Втори има најмодерна анестезиолошка опрема и работи тим на одлични анестезиолози кои драстично го намалуваат ризикот од анестезија за време на операцијата. На докторите и сестрите од Специјалната болница „Филип Втори“ сигурноста на пациентот и грижата за здравјето се секогаш на прво место.