Остеопорозата е тивка болест која може да се сопре ако навремено се детектира - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.01.2021

Остеопорозата е тивка болест која може да се сопре ако навремено се детектира

Остеопорозата претставува намалување на густината на коските, која може да доведе до кршење (фрактури) на истите и тоа при помали оптоварувања односно при вршење на секојдневни активности. Таа е доминантно метаболно заболување на коските и претставува голем здравствен и социјален проблем. Се смета за асимптомна болест која не јавува симптоми, освен можеби намалување на височината на пациентите и појава на ‘грбка’ на грбот (торакалниот дел).

Намалувањето на густината на коските може да предизивикаат фрактура на колкот при пад кај повозрасни лица, потоа фрактури на раката (radii loco typico-фрактура на радиус), како и компресивни фрактури на пршлените на ‘рбетниот столб, кај кои всушност се забележува намалување на висината на пршленското тело.

Кои се причините за настанување на остеопороза

  • Генетски фактор,
  • Рана менопауза,
  • Долго недвижење (имобилизација) – пасивен живот,
  • Ендокринолошки и хематолошки болести,
  • Мала телесна тежина,
  • Користење на некои лекови: кортикостероиди, метотрексат,
  • Намален внес на калциум.
  • Лоши животни навики (алкохол, пушење, голем внес на натриум, кофеин и сл).

 

Жените се поподложни кон остеопороза. Зошто?

 

Кај жените остеопорозата се почеста поради губење на половите хормони (естроген и прогестерон) кои ги лачат овариумите (јајниците),

Кај мажите дијаметарот на самите коски е поголем за разлика од жените и мажите се бават повеќе со физичка активност или поголема физичка работа која помага за зајакнување на коската.

Статистиката во медицината говори дека кај вертебрални (пршленски) скршеници односот помеѓу жени и мажи е 7:1.

И кај скршениците на колк исто така статистиката е во полза на мажите и тој изнесува 2:1.

Колесови фрактури (скршеници на раката), односот помеѓу жени и мажи е 5:1.

Како да дознаеме дали имаме остеопороза?

 

Остеопорозата се детектира преку DEXA Scan. Тоа е испитување на густината на коскена маса кое може да биде пропратено и со лабораториски испитувања – маркери за коскено разградување, концентрација на јонизиран калциум и витамин Д.

По јасната детекција остеопорозата може да се лекува. После лекување на остепорозата од 1 година, се прави контролен DEXA Scan и се пратат лабараториските параметри.

Во нашата клиника остеодензитометријата (DEXA Scan) ја прават едуцирани технолози а резултатите ги обработуваат тим на лекари едуцирани за остеодензитометрија, со што ке ја добиете најадекватната терапија и понатамошно лекување.

Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно. Стандардно се снима левиот колк и пределот на лумбалниот рбет (од првиот до четвртиот лумбален пршлен).

Кај некои состојби, каде што постои предходна операција на рбетниот столб или кога истиот е значително дегенеративно променет, се снимаат двата колка.

Исто така, кај пациенти кои имаат зголемено ниво на паратироидни хормони во крвта, потребно е да се снима подлактицата, како и кај пациенти со поголема телесна тежина до 150 кг. или кај пациенти каде поради други причини  неможе да се направат стандардни DXA скенови (протеза на двата колка и изразени дегенеративни промени на рбетот).

Нашиот современ апарат поседува уште две помошни апатки кои помагаат во одлуката дали треба да се започне со терапија. Тоа е FRAX score, кој преку калкулација на факторите на ризик, го калкулира 10-годишниот ризик од скршеници на колкот и големи остеопоротични фрактури.

Друга помошна алатка на овој апарат е TBS, кој врз основа на веке направениот DXA (dexa) скен не запознава и со квалитетот на коските.

Снимањето го правиме на апарат Hologic, последна генерација кој има инсталирано софтвер за FRAX score и TBS.

Посебна припрема за остеодензитометрија не е потребна.