Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.09.2016

Перкутано затворање на поголем перзистентен дуктус артериозус – приказ на случај

Перзистентен артериски канал или перзистентен дуктуд артериозус (ПДА) е вид на вродена срцева мана при која постои комуникација меѓу градната аорта и пулмоналната артерија. Овој канал е важен за циркулација на плодот пред раѓање и обично се затвора во првите 12-24 часа од животот. Каналот се затвора од контрахираната мазна мускулатура на средниот слој од крвните садови, со што првично функционално се затвора, а потоа настанува и дефинитивно затворање и негово претворање во артериски лигамент. Доколку не настане контрахирање по раѓањето каналот останува постојано отворен. Појавата на ПДА е некаде 1/ 2000 живородени деца и сочинува околу 6-11% од сите вродени срцеви мани и тоа почесто кај недоносени. Формата на дефектот варира, но најчесто аортниот крај е поширок и се стеснува кон пулмоналниот крај. Поради комуникацијата, крв богата со кислород од аортата преминува преку пулмоналната артерија во белите дробови кои стануваат оптеретени поради дополнителниот волумен на крв. Оваа состојба може да не дава никакви знаци и симптоми но најчесто се забележуваат: чести респираторни инфекции, забрзана срцева работа, отежнато дишење, срцев шум, зголемување на левата срцева комора како и цијаноза на нозете. Кај поголемите канали во детската популација најизразен знак се честите респираторни инфекции, отежнато дишење, срцев шум и потење при доење. Од првиот обид за интервентно затворање на ПДА во 1967 овој начин на решавање е метод на избор.

Прикажуваме случај на интервентно затворање на поголем ПДА кај И.Б – дете на 14 годишна возраст, кај кое е слушнат шум кај матичен лекар. Забрзано дишење и замор при умерен физички напор. По претходно направената кардиолошка проценка ехокардиографски се виде поголем ПДА со умерен хемодинамски одраз на лево-десен шант кој врши волуменско оптеретување на левата комора и на белодробната циркулација.

Детето беше закажано за перкутано затворање на каналот со прерипроцедуално трансторакално ехо – ТТЕ под услови на краткотрајна општа анестезија. Формата на каналот беше конусна со димензии од ангиографското мерење 8х10 мм. Прво се направи аортографија на која беше точно визуелизирана комуникацијата. (слика бр. 1)

Преку феморалната вена- десна предкомора и десна комора- и преку каналот- во аортата беше позициониран долгиот катетер а потоа преку него беше затворен каналот со ПДА оклудер (протеза) од 8х10мм. (слика бр. 2)

Контролната ангиографија покажа комплетно отсуство на проток низ комуникациониот канал. (слика бр. 3)

Детето на контролен преглед беше со субјективно, подобрена општа состојба и со уреден ехокардиографски наод, без шант.

При овие состојби од особена важност е навременото затворање на големите ПДА, со што се спречува појава на понатамошни компликации.

Бројот на досега направените интервенции на вродените срцеви маани преку нога кај деца и возрасни, во Филип Втори од 2003 година до денес е е поголем од 450 пациенти, при што на затварање на ПДА отпаѓаат околу 50-тина интервенции.