Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.11.2015

Приказ на случај на пациентка со акутен абдомен поради инвагинацијана тенкото црево со волвулус


Приказ на случај на пациентка со акутен абдомен поради инвагинацијана тенкото црево со волвулус – негово увртување

Пациентка на 42 годишна возраст, хоспитализирана во Специјална болница за хируршки болести „Филип Втори“ , со знаци за акутен абдомен.

Анамнестички податоци кај пациентката : Силни болки во стомакот кои траат една недела . Подување на стомакот, гадење, повраќање. Последните три дена постои крварење во испразнокот од аналниот канал – ректорагија. Физикалниот преглед ја покажа следната состојба.Стомак над нивото на градниот кош, силно дистендиран, болно дифузно осетлив, со назначена мускулна ригидност во долните партии. Перисталтика аускултаторно отсутна. Присутен facies abdominalis.РТГ нативна на стомакот и МСКТ на абдомен покажуваат присутни хидроаерични нивои на тенките црева, со нивна силна дистензија.

Поставена абсолутна индеикација за оперативна интервенција и болната е оперирана.Интраоперативен краток наод
– Тенкоцревен волвулус- Инвагинација на jejunum во ileum, во должина од скоро 1 метар.- Волвулус на тенките црева која мануелно се разрешува со деторквација на цревата.- Дезинвагинација на тенките црева по која се гледа гангрена на инвагинираниот дел ( 1 метар).

Инвагинацијата престанува на место каде постои голем интралуминален полип-големина на мандарина.
– Ресекција на повеќе од 1 метар тенко црево- Аборалниот дел на тенкото црево ( Ileum ) слепо се затвора- Оралниот дел на тенкото црево ( Jejunum ) се вади како привремена терминална јејуностома на предниот абдоминален ѕид.
Постоперативниот тек уреден, стомата функционира.Пациентката отпуштена во добра општа состојба и уреден локален наод на стомакот. По месец дена реконвалесценција, пациентката е повторно примена и оперативно направена дејејуностомија и воспоставување на целосен континуитет на тенките црева со термино-терминална јејуно-илеоанастомоза.
ЗаклучокАкутните состојби во абдоминалната празнина бараат правовремена и брза дијагностика и оперативно лекување.Кај илеусните состојби од било која природа, по отстранување на причината, секогаш е потребно да се даде извесен период за опоравување на дистендираниот дел од цревата со креирање на привремени стоми, а во втор акт воспоставување на целосен континуитет на дигестивниот систем со различен тип на анастомози, во зависност од моменталната состојба.
Д-р Бошко Ставревски, абдоменален хирург