Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.03.2016

Продолжува кампањата „За подобро здравје на шампионите“


Рекордерот Ангеловски на средба со д-р Жан Митрев

Минатогодишната  иницијатива на д-р Жан Митрев за медицинска поддршка на спортистите продолжува и оваа година. Љупчо Ангеловски 19 годишниот пливач кој неодамна  го собори апсолутниот рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри пеперутка, е уште еден спортист за чије здравје ќе се грижи тимот на специјалната болница „Филип Втори“. На денешната средба д-р Митрев му изрази потполна поддршка на младиот пливач. При тоа го информираше дека наскоро во новата болница ќе се прават генетски анализи преку кои спортистите ќе можат со максимална точност и прецизни податоци,  да дознаат на кој начин да тренираат и како да го развиваат својот телесен потенцијал за врвни резулатити. Еден од првите кому ќе му биде направена оваа анализа ќе биде и Ангеловски.

„Овие анализи се наменети за сите да ни помогнат во евентуалната превенција од некои болести кои се поврзани со нашата генетика, која храна одговара највеќе за подобра состојба на организмот, начин на живот и многу други параметри кои би делувале врз подобрувањето на  нашето здравје.  Покрај сите овие информации, овие анализи кај  спортистите овозможуваат и прилагодување на тренингот според  гените бидејќи сите ние имаме различни физички способности, но доколку знаеме дали сме експлозивни или издржливи можеме тренингот да го прилагодиме според нашите способности и на тој начин да постигнеме најдобри резултати. “ изјави д-р Митрев.

Ангеловски кој е матурант во скопската гимназија „Орце Николов“ ја изрази својата благодарност до д-р Митрев при што кажа:

„Спортот и медицината одат рака под рака , досега сум немал медицинска заштита од никого и верувајте дека сон на сеокој спортист е за неговото здравје да се грижи мдицинска установа како Вашата “.

Ангеловски новиот државен рекорд го постигна пливајќи ја делницата со време од 24 секунди и 78 стотинки. Интензивно тренира и се подготвува за ЕП во мај. Генетските анализи ќе им бидат направени и на нашите шампиони кик боксерот Димитар Ѓорѓиев и автомобилистот Игор Стефановски, кои се дел од оваа кампања.