Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

11.01.2024

Проверете го ризикот за вашето здравје


Резултатите од неколку скрининг програми и студии во светски рамки, обезбедија убедливи докази за намалување на смртноста како резултат на спроведувањето на скрининг за рак на белите дробови кај лица со висок ризик.
Затоа започнуваме пилот проект за скрининг и навремено дијагностицирање на овој вид рак и најважното: спасување животи.
Спроведувањето на скринингот е воден од внимателно идентификувани цели согласно постоечките програми и студии во светски рамки.

Доколку сте на возраст од 55 -75 години и сакате да дознаете дали може да добиете бесплатен скрининг пополнете го прашалникот 👉 https://forms.gle/2QCT3ZBXDWfoT8bd7

Во светот, но и во Македонијa, ракот на белите дробови е главната причина за смртност. Дури 23% од сите видови на рак отпаѓаат на овој вид рак, што го прави ракот на белите дробови, по ракот на дојката, најчест облик на рак во светот. Инциденцата изнесува над 12% годишно од сите новодијагностицирани случаи. Во нашата земја инциденцата е 14,9% што значи 1135 нови случаи секоја година. Во 2020 година смртните случаи од рак на белите дробови во Северна Македонија достигнаа 1.055 или 4,59% од вкупните смртни случаи. Просечната возраст на починати изнесува 31,93 години на 100.000 жители, што ја рангира Северна Македонија на 10 место во светот (податоци од СЗО).

Повеќе од половина од пациентите со рак на белите дробови умираат во рок од 1 година по дијагностицирање.
Светските статистики покажуваат дека 5-годишното преживување на болните од рак на белите дробови изнесува меѓу 8-15%. Само 20% од дијагностицираните случаи се подобни за операција и тие имаат 40% шанси за 5-годишно преживување.

Најчеста причина за рак на белите дробови е пушењето, при што пушачите имаат 10-20 пати поголема веројатност да развијат рак на белите дробови од непушачите. Постојат и други (професионални) причини како што се: азбест, загадување на воздухот, јонизирачко зрачење итн. (Shields 7th edition, 2009). Во Македонија, уделот на овие причини е далеку помал (8% за одредена материја) споредено со ракот на белите дробови предизвикан од пушењето: 85% од ракот на белите дробови е поврзан со пушењето. А 10% од пушачите развиваат рак на белите дробови.