Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.09.2014

СЕ ОДРЖА ЛЕТНИОТ КАМП ЗА ДЕЦА СО ВРОДЕНИ СРЦЕВИ МААНИ

СЕ ОДРЖА ЛЕТНИОТ КАМП ЗА ДЕЦА СО ВРОДЕНИ СРЦЕВИ МААНИ

Традиционално како и секоја година во периодот од 23-28 јуни во Солферино, Струга, се одржа летниот камп за деца со вродени срцеви маани МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ. Мотото на овогодинешниот камп беше “Боите на виножитото во сите нас”. Овој камп е проект кој Филип Втори во соработка со Црвениот крст на град Скопје веќе петта година го реализира и одбележува. Децата со вродени срцеви маани, кои имале интервенција или операција, заедно со нивните родители имаа прекрасна прилика да се дружат и низ организирани работилници и игри да се доживеат себе како здрави личности на кои им претстои живот со многу предизвици на кои ќе можат да одговорат без стравот од болеста која претходно ја имале.

Работилниците предводени од тимот на психолози им овозможија на родителите меѓусебно да ги споделат искуствата и емоциите кои долго време ги носеле во себе и преку поддршка да ги затворат процесите врзани за болеста на нивното дете која е решена и да започнат на своето дете да гледаат низ призма на ЗДРАВО ДЕТЕ. Волонтерите од Црвениот крст со поддршка од психолозите од Филип Втори направија прекрасни работилници за децата во кои тие имаа можност да работат на својата самодоверба и слика на здраво дете.

Оваа активност е активност по која Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” стана препознатлива во годините кои изминаа. Задоволството и насмевките на децата и родителите се тие кои не мотивираат и понатаму да продолжиме со афирмирација на проактивниот и просоцијалниот капацитет кај оваа ранлива група и да го поддржиме здравиот концепт на индивидуално, семејно и пошироко општествено живеење.Во духот на негување на хуманите вредности, Специјалната болница за хируршки болести ја продолжува својата мисија.