Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

07.10.2021

Се што треба да знаете за HydraFacial

Факт е дека кожата старее од ден на ден и има потреба од грижа. Кожата се контаминира од околината и факторите како што се: стрес, употреба на шминка и загаденост на воздухот. Сите тие влијаат врз кожата и ја одземат виталноста. HydraFacial е решението кое ние го нудиме и е неинвазивно, а резултатите видливи веднаш по првиот третман.

HydraFacial е патентиран третман на лицето кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации. Познат е и како „хидрадермабразија“ затоа што вклучува ексфолијација слична на микродермоабразија во комбинација со хидратантни серуми.

Овој третман е препознатлив по својот процес од три чекори и вклучува длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето. Оваа патентирана процедура може исто така да помогне и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки.
Целата постапка е неинвазивна и се изведува со механички апликатор кој поминува по вашата кожа и истовремено длабински ја чисти, ексфолира и нанесува серуми прилагодени на вашиот тип на кожа или зависно од проблемот кој го имате.

Кои се придобивки од HydraFacial третманот

HydraFacial ја подобрува целокупната текстура, тонус и изглед на кожата на лицето. Ова се должи на длабинската ексфолијација која ги чисти вашите пори, отстранувајќи ги нечистотиите и овозможувајќи подобра пенетрација на серумите за лице прилагодени на вашиот тип на кожа.

Видови третмани

Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни тетмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми.

HydraFacial третман за акни

Техниките на микродермоабразија долго време се сметаат за ефикасни во третманите за акни и лузни од акни. Ова се должи на длабоката ексфолијација која помага да се отстранат мртвите клетките што ги затнуваат порите на кожата.

HydraFacial третман за комедони

Мртвите клетки на кожата исто така придонесуваат за појава на комедони. Овој неинфламаторен вид на акни може да ги користи придобивките од методите за пилинг и екстракција што се користат во Hydrafacial.

HydraFacial третман за црвенило

Навистина е тешко да се најдат третмани доволно безбедни за оваа чувствителна состојба на кожата на лицето. Согласно резултатите од направената студија во 2006 година потврдено е дека папулопустуларна розацеа може да има бенефит од третманите со хидрадермоабразија.

HydraFacial третман против стареење

Студија направена во 2008 година, потврдува дека оние кои примиле третман со HydraFacial имале значително намалување на знаците на стареење на кожата во споредба со оние кои користеле само серуми. Ефектите од HydraFacial биле: намалена големина на порите, помала хиперпигментација и намалени брчки.

Како функционира HydraFacial третманот?

HydraFacial третманот го изведува или лиценциран естетичар или дерматолог. Постапката се изведува во три дела:
Дерматологот најнапред поминува со апликаторот сличен на вакуум врз вашето лице. Со негова помош длабоко ја чисти нечистотијата и масните наслаги од порите. Тие исто така користат пилинг за ексфолијација и обновување на површината на кожата.
Потоа користи и додаток сличен на пенкало за да нанесе хидратантен серум со антиоксиданси.

Како да се грижиме за лицето после HydraFacial третманот?

Секој третман на HydraFacial трае помалку од еден час без паузи. За разлика од другите третмани како на пример хемиските пилинзи, веднаш после HydraFacial можете да продолжите со вообичаените активности.
Иако не се оечкува да имате црвенило или лупење на кожата по третманот, сепак е најдобро да избегнувате третмани за пилинг во првите неколку дена по HydraFacial.

Колку често може да се применува HydraFacial третманот?

Фреквенцијата на HydraFacial сесиите зависи од типот на кожата и препораките од вашиот козметичар или дерматолог. Некои препорачуваат повторување на третманот на секои 4 недели, додека други охрабруваат повторувања на третманот на секои 2 недели.
Вашиот дерматолог може да ви помогне да го одредите точниот број на третмани врз основа на состојбата на вашата кожа на лицето.