Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.06.2015

Шеќерот како дрога


Зависност од благо –сериозен проблем

Прекумерната телесна тежина е една од најголемите современи опасности по здравјето на луѓето. Главна причина за дебелината не е покаченото ниво на маснотии во крвта и неактивноста туку материјата под име шеќер.

Потрошувачката на шеќер во изминативе 50 години ширум светот тројно е зголемена, во моментов таа изнесува 165 милиони тони годишно. Американците годишно по глава на жител консумираат 58 килограми шеќер, а Германците со околу 36 килограми што е двојно повеќе од дозволените количини утврдени од страна на Здружението за здрава исхрана.Значително зголемување на потрошувачката на шеќер е забележано во земјите во развој. Паралелно со тоа се шират и болестите на западните цивилизации како дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни нарушувања.За разлика од мастите, белковините или сложените јаглехидрати, кои се разградуваат во цревата или мораат да бидат обработени, шеќерот по директен пат стигнува во крвта. Наголеменото ниво на шеќер во крвта е директен импулс до панкреасот за лачење на инсулин кој го намалува нивото на шеќер во крвта. Крвта со пониско ниво на шеќер стигнува во хипоталамусот каде се наоѓа центарот за глад од каде повратно се праќаат сигнали кои ја стимулираат потребата за внес на храна. На тој начин шеќерот индиректно ја стимулира потребата за јадење.Ширум светот бројката на луѓето со прекумерна тежина е за 30 проценти поголема за сметка на луѓето кои гладуваат.

Вистинскиот одговор на прашањето зошто луѓето стануваат сè подебели, навистина е тешко да се најде. Истражувачкиот тим на ендокринолози по 12 годишно набљудување на група на училишни деца дошле до неверојатно откритие: Недостатокот на физичка активност не игра голема улога при настанувањето на масните наслаги. Нивниот заклучок е дека за да се победи вишокот килограми кај децата физичката активност не е решение, акцентот мора да се стави на исхраната.Едукацијата на младите луѓе за штетното дејство на шеќерот треба да започне уште од школските клупи. Родителите исто така, треба да бидат доволно информирани како би можеле да дејствуваат во насока на формирање на здрави прехрамбени навики кај своето поколение.

Д-р Јасмина ЗафировскаСпецијалист- интернист