Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

17.06.2022

Што е воспаление на средното уво?

Отитис медиа е локализирана инфекција или воспаление на средното уво.
Околу 75% од децата имале барем една епизода на воспаление на средното уво до тригодишна возраст. Отитис медиа може да влијае и на возрасните, иако тоа главно е состојба која почесто се јавува кај децата.

Што предизвикува воспаление на средното уво?

Воспалението обично започнува кога инфекциите во грлото, настинките или други проблеми со дишните патишта ќе се прошират на средното уво.

Кои се симптомите на воспаление на средното уво?

Најчестите симптоми на воспаление на средното уво се наведени подолу. Сепак, секој поединец може симптомите да ги доживее различно.

Вообичаени симптоми на отитис медиа кај децата се:

  • Раздразливост
  • Тешкотии при заспивање или поспаност
  • Треска, особено кај бебиња и мали деца
  • Истекување на течност од увото, или ушите
  • Губење на рамнотежа
  • Проблеми со слухот.

Симптомите на воспаление на средното уво често може да личат и на други состојби или медицински проблеми и може да бидат погрешно протолкувани. Затоа е важно да биде направена соодветна дијагностика.

Покрај симптомите наведени погоре, нетретираниот отитис медиа може да ги предизвика и следниве проблеми:

  • Инфекција на други делови од главата.
  • Трајно губење на слухот.
  • Проблеми со развојот на говорот.

Како се дијагностицира отитис медиа?

Покрај физичкиот преглед и земање комплетната медицинска историја, лекарот ќе го испита надворешното уво и тапанчето, во едното или двете уши, со помош на отоскоп. Отоскопот е инструмент со чија светлина му овозможува на лекарот да види внатре во увото. Со пневматски отоскоп се дува воздух во увото за да се анализира движењето на тапанчето.

Може да се изврши и тимпанометрија, тест кој овозможува воздухот и звукот да се насочат во средното уво.
Третман за воспаление на средното уво
Третманот ќе биде определен од страна на лекарот врз основа на комбинацијата од неколку фактори :

  • Возраста на пациентот, општата здравствена состојба и медицинската историја
  • Степенот на болеста (колку напредувала болеста)
  • Очекувањата за текот на болеста
  • Толеранцијата на пациентот на одредени лекови, процедури или терапии.

Третманот може да вклучува:

  • Антибиотски лекови
  • Лекови против болки
  • Операција во која се вметнуваат туби за лекување на хронични инфекции на тапанчето.

Во Клиничката болница Жан Митрев, одделот за оториноларингологија ви стои на располагање за дијагностика и третман на сите проблеми поврзани со уво нос и грло.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484