Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.05.2016

„ Со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ , исклучителната стручност на овие лекари не спаси , живи сме, ние сме сведоци што значи преглед кај вистински професионалци “


Во ист ден примени во ист ден пуштeни од болница , цимери 23 дена на одделот за интензивна нега , во не така лесен дел од животот. Миле Величковски 69 годишен кумановец и 34 годишниот Александар Костески од Кичево. Тие се дел од многуте наши пациенти кои со нивните приказни од животот само потврдуваат што значи навремен преглед и правилна дијагноза. Прв ни раскажува чичко Миле од солзи не може да зборува , но продолжува… „ Дојдов овде на преглед не знаев дека сум имал опасна болест. Истиот ден неколку часа пред прегледот во разговор со соседот се прашував дали да дојдам на лекар или да не си трошам време заради еден засилен секерт т.н шлајм од нос и грло, кој го имав подолг период. Сестра ми беше упорна , инсистираше да заминам на преглед. Реков ќе ја послушам , пред тоа си бев во маркет си испазарив, се натоварив , но не чуствував ништо необично. Кога ме прегледа д-р Анѓушева имаше што да види, по ехо наодот , веднаш ме упрати на коронарографија, резултатите од неа покажаа огромно оштетување на митралната валвула , она што итно следуваше беше операција. Бев зачуден од наодот, да јас не играв фудбал пред да дојдам овде , но немав никакви симптоми ништо, а колку ми била сериозна ситуацијата , повеќе од критична. Секојдневно пешачев по 5 км никаков замор не сум почувствувал, ниту болка, потешкотија ништо. Најлошо е кога човек не чуствува ништо, а срцевите болести се такви, зли,сокриени, подли само ќе те урне и толку. Исклучителната стручност на овие лекари ме остави во живот, да не си ја знаеа работата одамна ќе бев на оној свет. После операцијата морам да ја истакнам максималната нега на сите сестри и доктори овде, на целокупниот персонал. Никогаш во живот никој не ми посветил не ми дал толкава нега . И сето тао внимание покрај навремената дијагноза и операција ми даде уште поголема поддршка, мислам дека тоа придонесе многу побрзо да закрепнам. Најголема благодарност до овие луѓе, овие спасители, врвни стручњаци . Ако чекав на редовен термин во болница никогаш не ќе дочекав , ќе бев мртов “, низ солзи ни раскажува Радичковски. Александар за разлика од чичко Миле почуствувал болки… „ Сите дома прележаа и грип и вируси, не само домашните, туку и од пошироката фамилија, само јас останав негибнат. Вечерта , ден пред да дојдам овде добив напад на бубрег, не знам , ме однесоа во болница во Кичево ми дадоа некоја инфузија, болките престанаа и заминав дома. Половина час спиев, па се разбудив со нови болки, силни стегања во градите , потешпкотии во дишењето . Со возило на брза помош ме пренесоа од Кичево во Окрид во кардиоваскуларниот завод , таму престојував едно 12 часа, првично ми ги смирија болките и ми посочија за проблемот. Побарав да дојдам тука, затоа што во 2003 овде сум правен операција на срцето, а причина за мојата моментална состојба како што ми кажаа била бактериска зараза на срцето . Кога ме примија во „Филип Втори“ многу убаво ми ги објаснија сите солуции кои можат да се применат да се надмине таа состојба. Ми соопштија дека може да дојде и до интревенција, или операц ија заради присутноста на таа бактерија . Но благодарение на брзата и правилна реакција и третман на лекарите не отидов под нож. После три недели си одам дома. Успеав да спасам само со редовна терапија која ми ја даваа , со лекарства , со антибиотици. Мислам дека друштвото на чичко Миле и на уште еден пациент овде во собава ми помогна да поминам добро и побрзо да излезам од кризата. Јас сум во принцип позитивен човек и во најтемното гледам светлина. Презадоволен сум презадоволен од односот на персоналот.“ И додека Александар раскажува, чичко Миле од својот кревет додава „Ве молам таму со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ „